Соопштенија
„Шпаркасе“ одбележа 15-години постоење на македонскиот пазар: „Градиме доверба и долгорочно партнерство“
Банката „Шпаркасе“ организираше појадок со медиумите, одбележувајќи 15 години постоење на македонскиот пазар, пришто ги објави и податоците за работењето во тековната година.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Одбележувајќи 15 години постоење на македонскиот пазар, Шпаркасе Банка АД Скопје со својот тим експерти останува доследна на својата мисија и визија – да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на своите клиенти. Наш приоритет се одговорно банкарство и стабилност, а иновацијата и агилноста се нашата движечка сила. За нашата визија да бидеме најдобар избор за нашите клиенти, да ги поддржуваме економијата и општеството и да креираме подобра иднина за сите, зборуваат фактите и постигнатите резултати.

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Денес Шпаркасе Банка АД Скопје има 36 филијали и 140.000 активни клиенти. Во услови на тешка економска криза проследена со многу висока инфлација во изминатата година Шпаркасе Банка АД Скопје го продолжи финансирањето на економијата и на
населението и оствари раст на кредитната активност, додека истовремено водеше политика на управување ризици. Во првата половина од оваа година можеме да се пофалиме со одлични резултати. Споредбено со првата половина на 2022 година, оваа година вкупната актива на Банката, за првите 6 месеци изнесува 86.852 милиони односно забележан е 13% раст. Остварен е
раст на кредитното портфолио од 10% , при што кај сегментот на корпоративни клиенти годишниот раст изнесува 12%, додека портфолиото на физички лица порасна за 8%. Особено сме горди што овој кредитен раст во неизвесно опкружување проследено со високи стапка на инфлација, е остварено со знајачно намалување на нефункционалните кредити за 23% споредено со Јуни 2022 година, односно стапката на нефункционални кредити од 3,6% минатата година е намалена на 2,5% оваа година. На страна на депозитното портфолио бележиме раст од 17%, при што растот кај корпоративните клиенти изнесува 21%, кај физичките лица 14%, додека во сегментот на финансиски институции бележиме раст од 20%. Сето ова придонесе банката во првите шест месеци да оствари позитивен финансиски резултат од 939 мил.мкд кој е повисок од минатата година.
Шпаркасе Банка АД Скопје како досега така и понатаму ќе продолжи да нуди квалитетни и атрактивни понуди на производи и услуги, креирани според потребите на своите клиенти, и да обезбедува најдобри услови и конкурентни каматни стапки за своите продукти на пазарот.
Во изминатата година Банката активно продолжи да ги поддржува своите корпоративни клиенти во нивните инвестиции и имаше зголемена активност во делот на проектните финансирања, главно во делот на зелената енергија, каде што по интеграцијата со Охридска Банка во 2021 година е апсолутен пазарен лидер со пазарно учество од 36%, обезбедувајќи го овој вид финансирање повеќе од 12 години. Во сегментот на физички лица постојано работевме на унапредување на нашата понуда при што бевме прва и единствена банка која воведе фиксни каматни стапки на 10 години на станбените и потрошувачките кредити. Сето тоа беше првенствено во насока да обезбедиме одредена стабилност и да ја намалиме неизвесноста која клиентите ја почуствуваа поради зголемувањето на референтните каматни стапки. Сето ова, проследено и со постојаното унапредување и поедноставување на нашите процеси, ни овозможи да забележиме пораст на кредитното портфолио кај станбените кредити од 11% и 10% кај потрошувачкикте кредити. Шпаркасе Банка АД Скопје го продолжи континуитетот на позитивни резултати и во активностите поврзани со финансиските пазари и понатаму ја зајакна својата пазарна позиција. Воедно, Банката прудентно управуваше со својата денарска и девизна ликвидност, имајќи ги предвид регулаторните барања и потребите на клиентите. Во делот на тргувањето со девизи, Банката го зголеми прометот за 8,77% и го подобри своето пазарно учество за 1,47%, кое сега изнесува 18%. Имајќи ги предвид услугите со хартии од вредност, во сегментот на тргување на меѓународните пазари на капитал, Банката ја има повторно лидерската позиција во Земјата остварувајќи пазарно учество од околу 50%. Шпаркасе Банка АД Скопје е и понатаму банка чувар на најголемиот фонд во земјата – КБ Прв пензиски фонд, со актива од повеќе од 900 милиони евра.

ИДНИ ПЕРСПЕКТИВИ
Од своето постоење Банката постојано работи на реализација на своите планови и идни перспективи: да биде сигурен избор за своите клиенти, атрактивно место за работа за своите вработени, да придонесува за одржливо општество, да биде водечки играч на пазарот и да биде дигитална иновативна банка, која има врвен однос со клиентите.
Фокус – Дигитализација
Една од перспективите на кои се посветивме во изминатиот период и продолжуваме да ја развиваме е дигитализација на начинот на работа и дигитализација на услугите за клиентите. Имајќи ги предвид потребите и очекувањата на клиентите, покрај оптимизација на процесите во 2022 година се имплементираше и проектот за воведување дигитален потпис, со што Банката стана една од првите банки на пазарот што го понуди ова корисничко искуство.
Главен приоритет: Одржливост
Уште од своето основање Шпаркасе Банка АД Скопје се позиционира како општествено одговорна компанија што се залага за одржливост како принцип на живеење и позитивен развој на нашиот регион. Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност – „Sparkasse Life“, Банката и во 2022 година ги продолжи активностите за проширување и развој на областите што се опфатени со неа: културата и уметноста, здравството, спортот, финансиската едукација и заедницата во која припаѓаме. Со своите заложби и активности што ги остваруваме преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка АД Скопје е во процес на трансформација во комплетно одржлива банка.
Една од нашите најважни идни перспективи е да бидеме одржлива банка што одговара на потребите на денешницата, без притоа да ја компромитира иднината и потребите на следните генерации.
Нашата стратегија за одржливост е изработена во согласност со групациските стандарди и најдобрите практики и е заснована на Агендата за одржлив развој за 2030 година, донесена од сите земји членки на Обединетите нации во 2015 година, која вклучува 17 цели за одржлив развој (SDGs), кои се итен повик за акција од сите земји – развиени и во развој – во глобално партнерство.

ВРАБОТЕНИ
Ние сме банка што постојано инвестира во своите вработени, во зголемување на нивните вештини и знаења, во насока на нивна лична професионална развојна кариера, како и во насока на континуирано градење доверба кај клиентите и нивно задоволство од услугите и од производите на Шпаркасе Банка. Воедно, вложуваме во унапредување на вештините на нашите вработени да креираат финансиско здравје, а преку разни активности го поддржуваме и развојот на нивниот спортски дух и ги поттикнуваме да создаваат здрави навики и да водат здрав живот.
Во рамките на нашиот нов мултифункционален тренинг-центар постојано вложуваме во нивна едукација и тренинг, спроведуваме менторски програми и работилници за обучување и за ориентирање на нововработени. Имаме 672 вработени, за кои се залагаме за еднакви можности за кариера, за што говори и застапеноста од 56% жени на менаџерски позиции и 73% вработени жени во Банката. Ја почитуваме различноста и го применуваме принципот на инклузија при вработувањето. Банката е горда на своите вработени, кои со својата посветеност и ангажман ги отсликуваат нејзините пет корпоративни вредности: извонредност, доверба, страст, партнерство и агилност.
КЛИЕНТИ
Шпаркасе Банка АД Скопје е лидер во зелено финансирање во земјава. Во услови на голема енергетска криза, Банката во соработка со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија обезбеди заем од 23 милиони евра (ШБС) за кредитирање локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП). Со овој потег, 30% од кредитната линија е насочена за инвестиции што ќе им помогнат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност, или да произведуваат и да се префрлат на обновлива енергија.
Нашите најголеми зелени проекти, за чие финансирање Банката одвои 86 милиони евра, се:
• Thor Impex за изградба на првата приватна ветерна електрана во Македонија Богословец,
• Heliocentrum (Javor Group) за изградба на фотонапонски електроцентрали за производство
на електрична енергија
• Vardar Bio Process за изградба на електрани за производство на електрична енергија
од биогас
• MHE Topolki за изградба на четири мали хидроцентрали

ПРОЕКТ СО МОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК
Годинава Шпаркасе Банка започна проект со Министерството за образование и наука, за реализирање на правото на субвенциониран студентски оброк. Досега на првиот и на вториот повик на МОН, аплицираа повеќе од 21.000 студенти, а во академската 2023/2024 година се очекува наменската Visa кобрендирана картичка на Шпаркасе Банка и МОН за субвенциониран студентски оброк да ја добијат повеќе од 30.000 студенти. Visa кобреднираната картичка ќе можат да ја користат кај сите трговци што поседуваат ПОС-терминал, а се регистрирани под дејности како: ресторани за брза храна, ресторани, пекарници и маркети. Шпаркасе Банка, на сите студенти што аплицирале за користење субвенциониран студентски оброк, им овозможува користење бесплатен Vibe on пакет за млади, кој вклучува многубројни придобивки. Со овој пакет е овозможено бесплатно отворање и одржување платежна сметка, бесплатно добивање и користење платежна картичка, бесплатно S-Banka мобилно банкарство
преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, без разлика каде и да се наоѓа студентот.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Енергетската криза предизвика голема нестабилност во енергетскиот сектор и цените на енергенсите, што, пак, наметна преземање соодветни мерки, со цел заштеда на енергенсите и на нивната потрошувачка. И оваа состојба Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите.
Во своите заложби за одржливост на животната средина, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Од особено значење во 2022 година, се истакнува инвестицијата на фотоволтаични системи во централните згради на Шпаркасе Банка во Скопје и во Охрид, со цел сопствено производство на електрична енергија.
Kако општествено одговорна компанија и ориентирана кон користење зелена енергија, Банката во 2022 година воведе E-mobility и го реализираше проектот за набавка на две возила на електричен погон и постави два полначи за полнење на електричните возила со 100% зелена енергија, за потребите на своите клиенти. Банката инвестираше и во електрични тротинети како еколошко превозно средство за вработените, заради избегнување на градскиот метеж како и стимулирање на вработените за користење еколошки превоз, со цел редуцирање на емисијата на стакленички гасови во воздухот.
Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање, во 2023 година е остварено намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 7% во вкупната потрошувачка на хартија, а со сопствено производство на електрична енергија е реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 37.200 кг во 2023 година, заклучно со 15 септември.

ОПШТЕСТВО
Шпаркасе Банка АД Скопје и во 2023 година ја продолжи традицијата за поддршка на настани што го збогатуваат културното наследство и ја афирмираат уметноста. Во рамките на платформата „Sparkasse Life“ продолживме со корпоративната стратегија во насока на поддршка на настани и проекти значајни за македонската уметност и култура, со цел зајакнување на пeрцепцијата
за Банката како институција со урбан имиџ, која покажува грижа за заедницата и негува културни вредности.
Во периодот од 2020 до 2023 година Банката поддржа 110 проекти во форма на спонзорства и донации, меѓу кои: фестивалот Охридско лето, Таксират, Д Фестивал, Фестивал на европски филм – Cinedays, Струмички карневал, ликовна колонија „Вевчански видувања“, спортската манифестација „Прв до врв“. Шпаркасе Банка АД Скопје реализира и значајни донации на „СОС Детско село“, со кои годинава ја одбележуваме 11-годишнината од заедничката соработка. Шпаркасе Банка АД Скопје поддржува и организации и многубројни високо образовни институции, кои имаат за цел унапредување на економскиот развој во доменот на економијата и бизнисот во Република Северна Македонија, како и развој на меѓународна соработка со споделување знаења,
поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот. Во периодот што претстои Шпаркасе Банка АД Скопје ќе продолжи посветено да работи на своите идни перспективи, од кои најзначајна секако е стратегијата за одржливост. Бидејќи иднината на следните генерации зависи од нашите заложби денес. А ние веруваме во подобра иднина за сите.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

