Соопштенија
Јованоски: Претходната власт е виновна за состојбата на Градскиот стадион во Прилеп

Неодговорното и штетно работење на претходната локална власт е причина што фудбалскиот клуб „Победа“ и граѓаните на Прилеп повеќе од две години немаат прволигашки фудбал и не може да гледаат прволигашки натпревари. Двата наследени проекта за фудбалскиот стадион се стопирани бидејќи се спротивни на законските регулативи и штетни од секој аспект, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Илија Јованоски.
Едниот проект се однесува на реконструкција и доградба на северната трибина, како и поставување челична покривна конструкција, што ќе биде направено со средства на локалната самоуправа. Со другиот проект, со средства на ФФМ, на стадионот треба да биде поставен нов тревник, 4 рефлектори и агрегат. Меѓутоа, вели Јованоски, и во двата случаја направени се многубројни пропусти.
Како што истакна тој, не било постапено по препораките на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИС), односно не било извршено испитување на статиката на северната трибина дали таа може да ја издржи тежината на покривната конструкција.
„За оваа намена, Општина Прилеп имаше предвидено 28 милиони денари, од кои 18 милиони за градежните работи на северната трибина, кои во рок од 90 работни дена, почнувајќи од август 2017 година, требаше да ги изведи градежната фирма ‘Новоградба’. Во предвидениот рок, па и подолго од тоа, ‘Новградба’ завршила само 7-8 отсто од работата поради што вториот дел за поставувањето на покривната конструкција не беше можно да се изведи. Тоа е причината зошто беа стопирани работи. Што се однесува до вториот проект, ќе кажам дека поставените рефлектори се дивоградба. Имено, за постапување рефлектори, од кои еден е висок над 40 метра и тежок 10 тона, не е издадено одобрение за градење, туку е издадено решение за градба, кое се издава за поставување канделабри и улично осветлување. Треба да се напомене дека било планирано агрегатот да се постави во една од соблекувалните, што е уште една катастрофална грешка. Поради сето ова, стопиран беше и вториот проект“, потенцира градоначалникот Јованоски.
По запирањето на градежните работи, Општина Прилеп формира петочлена комисија од стручни лица, која ќе изврши комплетна ревизија на проектот, со цел да ги утврди сите пропусти. Во ИЗИС се испитува статиката на северната трибина по што ќе биде објавен тендер за поставување на челичната покривна конструкција. Работите се во тек, но за да биде сè во согласност со законите, како што нагласи Јованоски, потребно е време, а за направените пропусти некој мора да понесе одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Анѓушев: Паркингот пред Лептокарија ќе произведува струја

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Александар Анѓушев и кандидатката за советничка Љубица Шопова денес се сретнаа со дел од жителите на Лептокарија. Во разговор со граѓаните беа претставени програмските приоритети на коалицијата, како што се зелени и пристапни јавни простори, транспарентно локално управување и оживување на културниот живот во Карпош.
Анѓушев најави јасен курс кон спроведување на одржливи решенија за паркирањето во овој дел од општина Карпош.
„Паркингот пред Лептокарија мора да прерасне во извор на чиста енергија, во Советот ќе бараме поставување на соларни настрешници наместо изградба нова катна гаража и бетон. Јавниот интерес мора да биде пред профитот“, рече Анѓушев.
Шопова зборуваше за приоритетите во делот на културната инфраструктура и јавните објекти.
„Напуштените јавни објекти во Карпош ќе ги пренамениме во живи културни пунктови за музика, театар, ликовни и младински програми. Јавниот простор е право, не милост, културата треба да се гледа и слуша во секое маало“, порача Шопова.
Соопштенија
Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека општината ќе биде пример за развој, со конкретни проекти и визија во областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и соодветна грижа за младите и постарите.
„По децении ветувања-нашиот планински бисер, локалитетот на Калин Камен ќе го добие заслуженото место на туристичката карта, поставувањето на ски лифтот на локалитетот ќе значи реален развој на Калин Камен. Поддршката за младите и спортот ќе биде реална и конкретна, ќе славиме заеднички победи со проектот 100.000 евра годишно за спортот во Крива Паланка. Изградба на ново сообраќајно решение со мост и семафорска раскрсница за поврзување на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ со патниот правец А2 и населбата Бегови Бавчи. Изградба на нов мост преку Крива река во ширина од 7 метри со тротоари за безбедност на учениците и учесниците во сообраќајот“, рече Алексовски.
Алексовски истакна дека ќе се инвестира во патната инфраструктура, младите и спортот, но воедно и Крива Паланка ќе добие спортски терени, нови детски игралишта и прочистителна станица за отпадни води на Крива река.
„Ќе градиме локална и регионална патна инфраструктура, со предвидени над 40 километри асфалтирање на патни правци во повеќе села. Ќе градиме и канализациони системи, ќе ги одржиме постојните и нови зелени површини. Ќе го ставиме во функција градскиот базен, спортот ќе доживее експанзија со доуредување на спортската сала кај мотел Македонија. Младите ќе имаат централно место во нашето работење, ќе формираме центар за млади, младите ќе добиваат не само стипендии, туку спортистите ќе имаат буџет за спортски ваучер, ќе се отвори локално радио Крива Паланка, ќе поддржиме младински старт-апи, ќе се градат и уредуваат нови детски игралишта, спортски терени, ќе ги обновиме училиштата. Крива Паланка ќе добие главен колектор и прочистителна станица за отпадни води на Крива Река, проект за кој етапно ќе изнаоѓаме средства“, вели Алексовски.
Соопштенија
Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.
„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во „Карши Бавча“. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во „Царина маала“, чија реализација е започната и се одвива извесен период“, вели Николовски.
Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.
„Реконструкција на речиси сите улици во „Зорле маала“, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица“, рече Николовски.