Соопштенија
Fashion Group: Сакај со стил секој ден!

Има многу предлози за тоа што можеш да и подариш на саканата личност за Денот на вљубените, но ние ја имаме совршената листа предлози за него и неа.
Стотици производи од колекцијата есен-зима, но и пролет-лето чекаат да бидат избрани со љубов и симболика.
За неа никогаш не можеш да згрешиш со чевли – за да чекорите уште долго заедно.
Ако сакаш нешто впечатливо и тренди, GEOX и Mango можат да ти дадат многу интересни предлози.
На тема чанти и накит, за секогаш кога ги носи да мисли на тебе, правиш прошетка во Parfois.
Чанта или паричник во форма на срце, некои романтични обетки или можеби часовник за времето за вас двајца да застане – оставаме на тебе да одбереш.
Ако си повеќе за фустан, за да направиш да се чувствува навистина посебно, Mango и Fashion&Friends ќе ти помогнат да го препознаеш вистинскиот.
Страста поттикни ја дополнително со некој комплет или ноќница од Women’Secret, а ако сакаш нејзината убавина уште повеќе да се истакне, појди до продавницата на Kiko Milano.
А за него?
Одбери некои кул патики за заедничкото чекорење да ви биде уште полесно, а изборот секогаш е полесен со брендовите на Fashion Group.
За посебните и елегантни моменти подарете вратоврска од Dan John или некоја фина кошула да го потсетува на вас!
Ранец, очила или некој друг аксесоар е добар избор ако си партнер/ка што и’ дава предност на практичноста. Во тој случај, направи круг до Fashion&Friends.
Покрај тоа што изборот е огромен, друга супер вест е што во моментов има совршени љубовни промоции кои се причина повеќе да направиш добар шопинг во нашите продавници или онлајн.
Уживај во неодоливите 20% попуст во Fashion&Friends, Guess, Hugo, Levi’s, Replay, Timberland на се’ и на веќе намалените цени, но не заборавај да поминеш и во Mango, Women’secret, Springfield и Parfois каде те очекуваат -10% на се’ и на веќе намалените цени.
И на крај, само да те потсетиме, не само на 14.02, сакај секој ден, а ние ќе се погрижиме за стилот!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Данилоски: Четири години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – четири години застој, лаги и неработење!

„Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – неспособност, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски пред да стане министер, и неговиот наследник Дејан Митески – ветуваа сѐ и сешто: „хумана урбанизација“, нови градинки, училишта, паркинзи, велосипедски патеки, зелени површини, па дури и ‘смарт општина’“, вели Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.
„Денес, по четири години – граѓаните гледаат спротивното. Аеродром е запуштен, обраснат со треви и ѓубре. Ниту еден клучен реализиран проект, само планови и празни изговори. Ниту една нова градинка, ниту едно ново училиште.
Од ветените 6 кружни текови – ниеден не е изграден. Од 3000 нови паркинг места – само две мали паркиралишта. Вело-дромот, велосипедските патеки и Rent-a-bike системите – остануваат само желби.
Парковите од 100.000 м² што ги ветуваа – не постојат. Ветуваа таблет за секое дете од прво до деветто одделение, смарт табли во секоја училница и нула дополнителни трошоци во градинките. Денес сведоци сме дека ниту има таблет за секое дете, ниту има табли во секоја училница.
Родителите редовно собираат дополнителни средства за тонери, хартија, течен сапун и влажни марамчиња. Од годинава училиштата останаа и без обезбедување.
Дејан Митески денес води општина во целосен хаос и без резултати. Ова е слика на нефункционално, партизирано и неодговорно владеење.
Аеродром заслужува чесно, посветено и одговорно управување – луѓе што работат за граѓаните, не за партијата. Власт што слуша и не бега од одговорност.
Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален дом за сите. Затоа на 19 октомври заедно ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!“, изјави Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Соопштенија
Оливера Ливриниќ: Радишани добива нови инвестиции, нов парк и подобра инфраструктура

„Населбата Радишани ќе биде во фокусот на серија инфраструктурни и урбани проекти што ќе придонесат за подобри услови за живот, сообраќајна безбедност и уредена јавна средина“. Ова го најави кандидатката за советничка во општина Бутел, Оливера Ливриниќ, нагласувајќи дека приоритет е реализација на конкретни решенија што ќе се спроведуваат во текот на целиот мандат.
Меѓу планираните активности се:
- Целосно покривање и уредување на пазарот во Радишани, со што ќе се обезбеди подобра функционалност и услови за граѓаните и продавачите.
- Изградба на двокатни гаражи кај двата главни влезови во населбата кај трговскиот центар во Радишани, со што ќе се реши проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос.
- Финансиска поддршка за енергетски ефикасни фасади и покриви на колективните згради, за заштеда на енергија и подобар визуелен изглед на населбата.
- Воведување на нови автобуски линии во соработка со Град Скопје: Радишани – Визбегово – Карпош и Бутел – Железара – Аеродром, за подобра јавна поврзаност и намалување на сообраќајниот метеж.
- Создавање нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување, кој ќе биде место за рекреација на сите генерации.
- Поставување улични канти за ситен отпад со цел почиста и поуредна околина.
- Реконструкција и асфалтирање на оштетените улици, поставување атмосферска канализација и сообраќајно решение за просторот околу ООУ „Ацо Шопов“, како и проширување на објектот на училиштето.
- Инсталирање на лежечки полицајци каде што е потребно, за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.
„Безбедноста не е избор – тоа е обврска. Радишани мора да биде место каде што граѓаните живеат мирно, безбедно и достоинствено,“ изјави Ливриниќ, додавајќи дека сите најавени проекти се дел од сеопфатен план за унапредување на животниот стандард во Општина Бутел.
Соопштенија
Трајановски: Градот мора конечно да добие стабилен и функционален систем на јавен превоз

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски денеска пред Јавното сообраќајно претпријатие го претстави предлогот од својата програма за решавање на еден од најголемите и најболни проблеми на Скопје – јавниот транспорт.
„Градот мора конечно да добие стабилен и функционален систем на јавен превоз. Во нашата програма предвидуваме комбиниран пристап и имплементација на два паралелни процеси – одблокирање на проектот за Bus Rapid Transit (БРТ) како и набавка на нови, еколошки автобуси,“ истакна Трајановски.
Тој потенцираше дека сегашната состојба во ЈСП е алармантна, бидејќи дури и во случај веднаш да се обезбедат 200 електрични автобуси, тие не би можеле да се пуштат во употреба. „Депоата не се подготвени, нема полначи со капацитет од најмалку 110 киловати, што е неопходно за нивно полнење. Затоа, на краток рок, најефикасно и најекономично решение се автобусите на метан, кои се докажано најеколошка и најисплатлива алтернатива,“ појасни тој.
Трајановски ја поздрави и најавата на Владата за набавка на нови автобуси, но нагласи дека ваквиот процес мора да биде континуиран, а не еднократен. „Ова е процес што требаше да се одвива постојано, но поради политички блокади и меѓупартиски калкулации, граѓаните беа оставени без пристоен јавен транспорт. Време е да се стави крај на тоа,“ рече тој.
Тој додаде дека Јавното сообраќајно претпријатие е од стратешко значење за државата и треба да има постојана поддршка од Владата, како што било и во минатото, кога редовно се доделувале субвенции во висина до 15 милиони евра годишно.
Во следната фаза, програмата на Трајановски предвидува и детализирање на јавниот превоз за специфични групи граѓани, меѓу кои и средношколците. „Планираме воведување на мрежа од мини-буси и комбиња кои ќе можат да оперираат низ тесните улички и урбани зони, за безбедно и директно превезување на учениците од нивните домови до училиштата. Она што го гледаме во европските градови може и мора да стане реалност и во Скопје,“ нагласи Трајановски.
„Јавниот транспорт не смее да биде хроничен проблем на Скопје. Тој мора да стане пример за организираност, економичност и грижа за граѓаните,“ заклучи Трајановски.