Соопштенија
MTEL во Германија – врвни ТВ-содржини и разговори по поволни цени на едно место
Современите технологии ни помагаат не само во секојдневната комуникација и решавањето различни предизвици, туку се многу често се и пригоден извор на забава и подобрување на расположението. Носталгијата може да биде едно од оние расположенија со кои редовно се среќаваат нашите роднини или пријатели расеани ширум светот. Често размислуваме што да им испратиме, за делчиња од некогашната татковина да станат пријатен момент во сложувалката на нивното секојдневие.
Зошто не се слушаме почесто, како да им го пренесеме тоа специфично делче од овој простор? Во барањето одговор може да ни помогне сознанието дека, од неодамна, во Германија е присутна МТЕЛ Германија, членка на Телеком Србија групацијата, со што оваа компанија продолжи да се шири на европскиот пазар.
Деловите од овие простори се можеби најдобро одразени во различните телевизиски содржини што ги нуди премиум ТВ пакетот МТЕЛ, особено ексклузивните драмски програми, домашните серии и филмови во кои се појавуваат најдобрите актери од Балканот во врвни домашни продукции или во соработка со водечки светски продукции, како што е „Амазон Прајм Видео“. Покрај програмите за игри и Видео клубот, пакетите на МТЕЛ содржат и одличен избор на омилени музички, спортски и информативни ТВ канали од поранешна Југославија.
Пакетите за мобилни телефони МТЕЛ содржат сè што ви е потребно. Тие вклучуваат и интернет и разговори, така што МТЕЛ #45 нуди 45 GB за сурфање на мрежата во Германија, ЕУ, Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Швајцарија и Македонија, додека со пакетот „Олнет Флет“ корисниците добиваат неограничени разговори во Германија и кон МТЕЛ зоната. Додатокот „Роаминг Плус“, единствен на германскиот пазар, обезбедува уште 12 GB интернет сообраќај во Русија, Турција, Албанија, Израел, Египет и Индија. Ова, како и сите други тарифи во Германија, е заокружено со вклучената заштита од сајбер закани „МТЕЛ Нетпротект“, која на корисниците им обезбедува автоматска заштита од пристап до небезбедни веб-локации.
Обезбедувањето услуги во Германија и официјалното покривање на целиот регион, кој ги вклучува и Австрија и Швајцарија, носи и бројни придобивки за корисниците, како што е уникатната МТЕЛ зона. На овој начин, овозможен е роаминг во сите мрежи на членовите на групата, без дополнителни трошоци, како и неограничено јавување на сите мрежи на групацијата Телеком Србија во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Швајцарија, Германија и Австрија.
Во наредниот период е предвидено отворање на дополнителни 30 експозитури во Германија, како дел од мрежата која веќе обезбедува услуги за повеќе од 200.000 корисници преку подружниците на МТЕЛ во Австрија и Швајцарија.
За повеќе информации за понудата на МТЕЛ Германија, посетете ја официјалната интернет-страница.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Binance доаѓа во Скопје: на 11 декември голем Community Meetup настан за криптоентузијастите
Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје.
На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата, да научат како да заработуваат безбедно преку Binance екосистемот, да се поврзат со луѓе со слични интереси и да станат дел од меѓународната Binance заедница.
Присуството на собирот е бесплатно, но поради ограничениот број учесници, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://www.binance.com/en/events/skopjemeetup.
По воведното обраќање, на настанот ќе има преглед на активностите, мисијата и визијата на Binance во Северна Македонија и регионот, ќе се одржи презентација на најновите производи и начини за заработка преку Binance екосистемот и BNB токенот, ќе се зборува за процесот за приклучување во Angels програмата, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во интерактивен квиз и да освојат ексклузивен Binance подарок.
„Со организацијата на овој настан, сакаме да ја доближиме Binance заедницата до крипто ентузијастите во Северна Македонија, да поттикнеме едукација и споделување на знаење, и да изградиме мост кон нови можности во дигиталната економија“, велат од Binance.
За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат околу 300 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални
средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја објави листата на добитници на стипендии за учебната 2025/2026
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје, според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
1. Теа Колевска
2. Каменка Николова
3. Гала Стојановска
4. Христина Марковска
5. Марија Димитрова
6. Евгенија Ристеска
7. Стефан Трајковски
8. Мила Стојановска
9. Адела Маловска
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
1. Јоана Илиевска
2. Марија Трпеска
3. Андријана Коцевска
4. Ива Јуришиќ
5. Давид Додевски
6. Анастасија Димитријевиќ
7. Ангела Ѓоргиевска
8. Теона Гаџоска
9. Ангела Јованоска
10. Ана Димитриевска
11. Сара Алексовска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-дин Бојан Георгиев, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на општа медицина
1. Наталија Николовска
2. Андреј Тодоров
3. Инес Негриеска
4. Моника Нановска
5. Борјана Трајкова
6. Емили Обочки
7. Бистра Младеновска
8. Дијана Пенова
9. Катерина Бицеска
10. Дарко Палиќ
Студенти од четврта година на општа медицина
1. Евгенија Ристова
2. Матеј Јорданоски
3. Славјана Иваноска
4. Софија Тодороска
5. Даниел Зарев
6. Борис Фенев
7. Денис Новчевиќ
8. Петар Стефановски
9. Карла Карина Арнаудова
10. Михаела Слезенковска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Димче Зафиров, Доц. Др. Васил Папестиев, Г-ѓа Надица Танчева и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.


Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
(ПР)

