Соопштенија
Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера
Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg
· Нов SUV од Volkswagen – харизматичниот Tayron е вториот по големина SUV на Volkswagen во Европа, веднаш по Touareg.
· Развиен и произведен во Германија – новиот Tayron е развиен во Волфсбург за европскиот пазар и ќе се произведува токму таму.
· Софистициран мултиталент – исклучителен патнички и багажен простор, со пет или опционално седум седишта и голема носивост за приколка до 2,5 тони.
· Сè што им е потребно на патниците – премиум карактеристики како HD Matrix светла, седишта со масажери и напредно DCC подвозје за целосен комфор.
· Иновативен plug-in хибрид – Tayron eHybrid овозможува супериорна испорака на моќност и функционира како електрично возило за секојдневна употреба со електричен домет од над 100 км.


Во салонот на Volkswagen денес свечено беше претставен новиот Volkswagen Tayron, SUV модел кој за првпат го донесува германскиот производител на македонскиот пазар. Со оваа премиера, Volkswagen ја проширува својата понуда во важниот SUV сегмент меѓу Tiguan и Touareg.
Tayron, модел со пет или седум седишта, се позиционира меѓу ексклузивниот Touareg (премиум класа) и ефикасниот Tiguan (средна класа). Развиен и дизајниран во Волфсбург, Tayron се произведува во истиот град. Овој SUV е изграден врз најновата генерација на модуларната MQB evo платформа, а дел од технологијата е пренесена и адаптирана од Touareg. На пример, IQ.LIGHT HD Matrix интерактивни светла и седишта со пнеуматска масажа со 10 зони.
Tayron е SUV кој нуди комфор на највисоко ниво, квалитет со детали како вистинско дрво, багажен простор до 885 литри со пет патници, аеродинамика со коефициент на отпор од само 0,28, и plug-in хибриден погон со електричен домет од над 100 км – една од најекономичните конфигурации во светот. Tayron е и стилско влечно возило – со максимална тежина на приколка до 2,5 тони, идеален за превоз на коњи, класични возила, моторни чамци или големи кампери.

Tayron Life – сè на едно место.
Tayron е достапен со три линии на опрема: Life, Elegance и R-Line. Опсегот започнува со Tayron Life, кој веќе доаѓа со обемен пакет на опрема. Меѓу другото, вклучува следниве карактеристики: автоматска клима со три зони, амбиентално осветлување во 10 бои, девет воздушни перничиња, контрола на возачкото искуство (контролира возачки профили – вклучувајќи ги и профилите со погон на сите тркала кај 4MOTION моделите – јачина на звук и активирање на Atmospheres како однапред програмирани амбиентални светлосни и аудио модови), ролетни за сонце на задните врати, инфозабавен систем со активирачка навигациска функција и App-Connect Wireless (за Apple CarPlay и Android Auto), дигитални инструменти, LED предни светла со автоматска контрола на долги светла (Light Assist), осветлено Volkswagen лого напред и назад, како и 17-инчни алуминиумски фелни.

Спектарот на стандардни системи за асистенција исто така е обемен. Во него спаѓаат: адаптивен темпомат (ACC), функција за сопирање при вкрстување со возило што доаѓа одспроти, систем за промена на лента (Side Assist), систем за задржување во лента (Lane Assist), автоматски систем за итно сопирање со мониторинг на пешаци и велосипедисти (Front Assist), Park Assist Plus, систем со камера за гледање наназад и динамичен приказ на сообраќајни знаци. Исто така како стандард е вклучен и новиот систем за предупредување при излегување. Тој е проширување на системот за промена на лента и, во рамки на системските ограничувања, може да спречи отворање на некоја врата ако возило се приближува одзади. Системот издава и звучни и визуелни предупредувања.
Tayron Elegance и R-Line – две врвни верзии.
По пакетот Life, следуваат две врвни верзии на Tayron: Elegance и R-Line, кои се еднакви во поглед на техничката опременост, но со различен стилски фокус.


Стилскиот Tayron Elegance вклучува дополнителни карактеристики како што се: вистинско дрво во внатрешноста, ламинирано сигурносно стакло со звучна изолација на страничните прозорци, електронски багажник, Park Assist Pro со меморија и далечински функции, седишта изработени од ArtVelours Eco (микрофибер), систем за бесконтактно отклучување и стартување (Keyless Access), како и 18-инчни алуминиумски фелни.
Динамичниот Tayron R-Line се одликува со детали како што се: спортски комфорни седишта во ArtVelours Eco со интегрирани потпирачи за глава, широка употреба на ArtVelours Eco на контролната табла и вратите, декоративни елементи во изглед на алуминиум, индивидуални браници во R-Line дизајн и 19-инчни алуминиумски фелни.
И верзиите Elegance и R-Line дополнително се опремени со LED Plus предни светла (вклучувајќи динамични аголни светла), програмбилни 3D LED задни светлосни групи, како и амбиентално осветлување во 30 бои, вклучувајќи и осветлени елементи во внатрешноста на контролната табла и облоги на вратите.
Одговарачки пакети – електронска детска заштита.
Volkswagen има дизајнирано три нови пакети на опрема за SUV моделот: со Light пакетот, и надворешноста и внатрешноста на Tayron Life се опремени со светлосни системи од повисоките нивоа на моделите – вклучувајќи ги и LED Plus светлата.
Family пакетот е достапен за сите верзии и вклучува електронска детска заштита за задните врати, 230 V приклучок во багажниот простор и систем за организирање на багажот.
Black Style пакетот, кој е достапен ексклузивно за Tayron R-Line, вклучува декоративни елементи на каросеријата и додатоци (вклучувајќи ги и носачите на покривот) во високосјајна црна боја, 19-инчни алуминиумски фелни во високосјајна црна боја, преден браник во индивидуален R-Line дизајн и внатрешни декоративни елементи во изглед на темен хром.
Во зависност од пакетот на опрема, Tayron исто така може да се персонализира со кожен пакет, дизајн пакет, комфор пакет, HD Light пакет, како и два Infotainment пакета, два Winter пакета и два Assist пакета. Овие пакети вклучуваат широк спектар на опрема.
Пример за Comfort пакетот (стандардно вграден во опремата Elegance): пакетот вклучува електрично отворање и затворање на багажникот, функцијата Easy Open и Easy Close (отворање и затворање со движење на стапалото), систем за бесконтактно отклучување и стартување (Keyless Access) и Park Assist Pro.

Седум ефикасни погонски системи – eHybrid, eTSI, TSI и TDI.
Volkswagen го нуди новиот Tayron со два plug-in хибридни погони (eHybrid), еден mild хибриден погон (eTSI), два турбо бензински мотори (TSI) и два турбо дизел мотори (TDI).
Опсегот на моќност се движи од 110 kW (150 КС) до 200 kW (272 КС). Двата чисто турбо бензински мотори и најмоќниот турбо дизел мотор се комбинирани со 4MOTION погон на сите тркала; сите други верзии се со погон на предните тркала.
Сите верзии на Tayron се опремени со автоматски менувач со директно префрлање на степени (DSG).
eHybrid – електричен автомобил и SUV со бензински мотор во едно.
Двата plug-in хибридни модели претставуваат особено иновативно погонско решение бидејќи можат да обезбедат долг електричен домет за секојдневно возење, привремено трансформирајќи го Tayron во електрично возило. Во исто време, двата Tayron eHybrid модели импресионираат и на долги релации со вкупен домет од околу 850 км и ниска потрошувачка. Во основната верзија, комбинацијата од турбо бензински мотор со четири цилиндри и електричен погонски мотор обезбедува системска моќност од 150 kW (204 КС); додека врвната конфигурација испорачува 200 kW (272 КС). Благодарение на батеријата од 19,7 kWh (нето), Volkswagen предвидува електричен домет од над 100 км за Tayron eHybrid моделите.
Батеријата може да се полни со до 11 kW на AC ѕиден полнач или AC полначка станица и со до 50 kW на DC полначи за брзо полнење.


eTSI – користење на кинетичка енергија.
Влезната high-tech верзија во светот на бензинските модели на Tayron е mild хибридот (eTSI), со моќност од 110 kW (150 КС), со стартер-алтернатор со ремен на напон од 48 V и систем за активна контрола на цилиндрите (ACTplus).
При сопирање, кинетичката енергија се рекуперира преку алтернаторот и се складира во посебна батерија од 48 V. Tayron ја користи оваа енергија за да го исклучи high-tech турбо бензинскиот мотор во фази на забавување и при возење надолу, со што се помага во заштеда на гориво.
Батериите од 48 V ги напојуваат сите системи со енергија, дури и кога моторот со внатрешно согорување е деактивиран. Покрај тоа, 48 V системот ги оптимизира перформансите на возилото при поаѓање благодарение на функцијата за електричен boost; во овој случај, алтернаторот ја презема улогата на електричен погонски мотор.
TSI и TDI – ефикасни 2.0-литарски мотори.
Турбо бензинските мотори (TSI evo4) и турбо дизел моторите (TDI evo2) – најнова генерација на Volkswagen од 2.0-литарски турбо четирицилиндрични мотори – играат важна улога во опсегот на погонски системи на Tayron.
Поголемиот TDI мотор со 142 kW (193 КС) е исто така многу економичен и е стандардно комбиниран со 4MOTION погон на сите тркала. Двата TSI мотори исто така се секогаш комбинирани со погон на сите тркала.
Сите Tayron 4MOTION модели со приклучок за влечење се одобрени за приколки со тежина до 2.500 кг (со кочница, наклон 12 проценти).
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Државна лотарија: Најостро реагираме на клеветничките обиди на одредени медиуми да креираат искривена слика за Друштвото
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија со реакцијата за написите во некои медиуми за работата на друштвото.
Реакцијата ја пренесуваме интегрално:
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи:
I. Правна стратегија, институционална одговорност и врвна академска експертиза
Државната лотарија своето работење го темели исклучиво врз принципите на законитост, правна сигурност и институционална отчетност. За таа цел, Друштвото ја вклучи највисоката академска правна експертиза во државата, меѓу кои и проф. д-р Димитар Гелев, редовен професор и раководител на Катедрата за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Овој ангажман е директна и нужна реакција на правно неодржливите, финансиски штетни и институционално опасни постапувања на поранешниот управен и надзорен одбор, како и на поранешната Влада во својство на основач на Друштвото. Имено, проф. д-р Димитар Гелев беше и натаму е ангажиран за целосна подготовка и правно водење на сложените постапки за престанување на трговските друштва, и тоа: Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје, Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје и Нова Државна видеолотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.
Правната поддршка опфати формулирање на целосна процесна стратегија, правна квалификација на основите за престанок, утврдување на формално-правните предуслови за донесување на одлуките и управување со сите идентификувани правни и финансиски ризици и, заедно со ангажираните адвокати без нивен надомест во рамките на неговиот тим, обезбедува застапување и континуирана правна заштита пред надлежните органи и судови.
Со издвојувањето и преземањето на уделот во постапката за престанување на НОВО ВЛТ, Државната лотарија постапи целосно законито, институционално дисциплинирано и одговорно, обезбедувајќи правно чисто затворање на друштвото и трајна заштита на интересите на државата. Истото беше реализирано во соработка и во духот на добри деловно-партнерски односи со другиот содружник, Друштвото за услуги ХТЛ ДОО – Скопје, на престанатото друштво. Постапките за останатите друштва се во напредна фаза и ќе резултираат со нивно престанување, со судски одлуки, со што ќе се елиминираат последиците од нивното незаконско основање и работење, а во согласност со одлуката за престанување на друштвата донесена од Владата, во својство на основач на Друштвото.
Исто така, ангажирани се и други истакнати стручњаци од науката и практиката за прашања од системски карактер – поимно разграничување меѓу јавен сектор и државна сопственост, како и правно уредување на внатрешната организација и систематизација на работните места во дирекцијата и повеќе од 315 подружници.
Со преземените законски, управувачки и контролни мерки и ангажирањето на еминентни експерти, Државната лотарија спречи понатамошно нерационално трошење на јавни средства и истовремено елиминира ризици од дополнителна финансиска штета, обезбедувајќи долгорочна заштита на државниот капитал и институционалниот интегритет на Друштвото.
II. Ангажирани лица со договор за дело
Во периодот на поранешното раководство, во Државната лотарија биле ангажирани околу 190 лица со договор за дело. Новото раководство, водејќи се од принципите на рационалност, законитост и функционална оправданост, го намали овој број за повеќе од половина, односно на 95 лица. Од овие 95 ангажирани лица, над 60 се ангажирани на продажни места кои ја сочинуваат примарната продажна мрежа на Друштвото, лоцирани во трговски центри и сопствени уплатни места, додека останатите извршуваат контролни и административни задачи неопходни за непречено функционирање на системот. Лицата ангажирани во секторот маркетинг, меѓу кои има и јавни и препознатливи личности, вршат маркетиншки активности поради нивното влијание на социјалните мрежи и режисерските и уметничките способности на одредени ангажирани лица, насочени кон подобрување на позицијата на Државната лотарија на пазарот на игри на среќа.
III. Неправилности во работењето на поранешното раководство на Друштвото, наведени во Извештајот на Државниот завод за ревизија
Актуелното раководство на Друштвото со допис број 02-6328/1 од 12.09.2024 година се обрати до Државниот завод за ревизија поради увидени неправилности и нерегуларности во финансиското работење на Друштвото, со барање да се изврши ревизија на работењето на Друштвото во претходниот период. По извршената ревизија во периодот од април до крајот на октомври 2025 година, во Извештајот на Државниот завод за ревизија констатирани се сериозни и системски неправилности во финансиското работење на Друштвото, и тоа во периодот на управување од страна на поранешното раководство.
Ревизорските наоди укажуваат дека значителен дел од неправилностите во финансиското и сметководственото работење се поврзани со постапувања преземени од поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, поставена од тогашното раководство на Друштвото. Во врска со овие постапувања, согласно достапните информации и известувањата и податоците со кои располага Државната лотарија, се спроведуваат предистражни дејствија од страна на надлежните органи, вклучително и Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.
Согласно наодите содржани во Извештајот, во периодот на поранешното раководство е утврдена злоупотреба на финансиски средства на Друштвото, и тоа непосредно од страна на поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, со што е предизвикана материјална штета во износ од најмалку 3,5 милиони евра. Овие констатации претставуваат сериозен индикатор за нарушување на принципите на законитост, финансиска дисциплина и одговорно управување со јавните средства. За текот и исходот на постапките иницирани од актуелното раководство, што се водат пред надлежните институции, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана во наредниот период.
Оттука, Државната лотарија нема намера да дозволи преку неколку подкасти, како што е INFOMAX.MK, или слични портали да се релативизираат факти кои биле предмет на официјална ревизорска проверка и институционално постапување од страна на Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.
Државната лотарија ги охрабрува и ги повикува сите критички настроени медиумски портали и подкасти, во интерес на точно, одговорно и професионално информирање на јавноста, како и во духот на автентичното истражувачко новинарство, своето внимание да го насочат кон суштинските и фактички утврдени прашања кои се однесуваат на настанатата материјална штета во повеќемилионски износ, изразена во евра, а предизвикана од постапувањата на поранешното раководство што е утврдено во Извештајот на Државниот завод за ревизија, а не кон пласирање на клеветнички, неосновани изјави и непроверени документи од подкасти и портали како INFOMAX.MK, за кои постојат индиции дека неоснованите изјави и непроверените документи потекнуваат од лица за кои се водат предистражни постапки пред надлежните органи, а кои се насочени кон дискредитација на актуелното, законито, транспарентно и одговорно работење на Друштвото.
На крајот, Државната лотарија јасно и недвосмислено укажува дека секој понатамошен обид за ширење дезинформации, манипулации и клеветнички наводи ќе биде третиран како сериозно нарушување на угледот на институцијата и ќе предизвика најостра, соодветна и правно заснована реакција, вклучително и преземање на сите расположливи законски средства за заштита на интегритетот и приватноста на вработените, а со тоа и на институционалниот интегритет на Друштвото.
(ПР)
Соопштенија
Брза инвестиција во батерии е решение за вишокот на електрична енергија и за новиот европски механизам „CBAM“
Батериските системи носат заштеди и нови приходи за сопствениците на фотоволтаични електрани, кои во изминатите две години се соочија со загуби поради прекумерно производство на електрична енергија во исто време, а од 1 јануари дополнителен предизвик претставува и европскиот механизам CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism).
На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите.
Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ, кој смета дека денес веќе нема дилема: системите за складирање на електрична енергија стануваат клучен предуслов за стабилност, профитабилност и усогласување со европските правила.
1. Г-не Анѓушев, станува јасно дека батериите се неизбежен чекор. Како ја оценувате состојбата со фотоволтаиците денес?
Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија.
Во изминатите две години имавме ситуации со негативни берзански цени, што значи дека производителите или мораа да ги исклучуваат електраните или дури да плаќаат за некој да ја преземе нивната енергија. Вишокот од обновливи извори создава дебаланси во мрежата и покажува дека складирањето станува неопходност, а не избор.
Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција.
2. Дали инвеститорите веќе задоцнија со батерии?
Не е доцна. Батериските системи како инвестиција кај нас се релативно нови и беше потребно време државата да воспостави јасна законска и регулаторна рамка. Тоа подразбираше измени на закони, правилници и мрежни правила, што денес веќе е завршен процес.
Сепак, времето останува клучен фактор. Колку побрзо се инвестира во батериски систем, толку побрзо се намалуваат загубите и се подобрува економиката на проектот. Периодот крај на 2025 и почетокот на 2026 година ќе биде пресуден за инвеститорите кои сакаат да останат конкурентни.
Како ФЕРОИНВЕСТ, имаме батериски системи на залиха и технички подготвен кадар, што ни овозможува брза и сигурна реализација.

3. Колкава е реалната примена на батериите во моментов?
Батериите сè уште се во почетна фаза на примена, но проблемот кој тие го решаваат е веќе целосно присутен. Ние уште од минатата година ги советувавме сопствениците на фотоволтаични електрани да се подготвуваат за вакви инвестиции, за навреме да одговорат на новите пазарни и регулаторни услови.
Кога сите произведуваат во исто време, никој не може да продава по добра цена. Единственото рационално решение е складирање и продажба во часови со повисока цена.
4. Министерството за енергетика неодамна ги објави компаниите кои добија лиценци за батериски системи кои почнаа да се градат во 2025. Вашата компанија е единствена која има веќе изградени и лиценцирани батериски системи и кои веќе работат. Во јануари се очекува нова група проекти за 2026 година, од кои значаен дел ќе ги реализира токму ФЕРОИНВЕСТ. Како го оценувате ова ново поглавје во енергетската транзиција?
Ова е исклучително важен и позитивен чекор, не само за нашата компанија, туку и за целиот енергетски систем на државата. Фактот што ФЕРОИНВЕСТ е прва компанија со веќе изградени и лиценцирани батериски системи кои веќе работат, покажува дека навреме ја препознавме насоката во која се движи енергетиката. Батериите се поставени на две фотонапонски електрани, едната во сопственост на ФЕРОИНВЕСТ, а другата во наша делумна сопственост, каде сме во партнерски однос со уште неколку фирми.
Батериите повеќе не се пилот-проекти или експеримент – тие стануваат клучна инфраструктура за стабилноста на системот. Новата група на проекти што се очекува во јануари, како и подготовките за 2026 година, јасно покажуваат дека државата и инвеститорите конечно влегуваат во фаза на посистемско планирање.
За нас, ова претставува логично продолжение на нашата стратегија: да не бидеме само градители на електрани, туку активен и контруктивен чинител во управувањето, балансирањето и оптимизацијата на енергетскиот систем. Веруваме дека батериските системи ќе имаат клучна улога во наредните години, особено во контекст на високото учество на обновливи извори, пазарните ценовни флуктуации и новите европски механизми како CBAM, кој сега станува нов предизвик за нас како држава и стопанство.
5. Кои батериски системи ги нудите?
ФЕРОИНВЕСТ е ексклузивен застапник за Македонија на глобалниот бренд WEIHENG (WHES), и нуди две решенија. Станува збор за кабинетски батериски системи со капацитет од 233 kWh / 100 kW, составени од модуларни единици и лесно надградливи, наменети за фотоволтаични електрани до 2 MW.
Дополнително, нудиме и контејнерски батериски решенија од 2, 3, 4 и 5 MWh, наменети за големи комерцијални електрани, целосно прилагодени за надворешна инсталација и екстремни температури.
6. Колку се сложени батериите од технички аспект?
Батериите се далеку посложени од фотоволтаиците. Тие бараат секојдневно управување, мониторинг и оптимизација. Причината е тоа што постојат разлики помеѓу инсталиран и употреблив капацитет, како и софтверски стратегии кои мора да се прилагодат на локалните пазарни услови.
Затоа ние нудиме целосна услуга – од избор и инсталација, до часовно и дневно управување со батеријата, и на крајот откуп на електричната енергија.

7. Значи, нема дилема дека батериите се исплатлива инвестиција?
Цените на батериските системи значително се намалија. Според најновите физибилити студии, повратот на инвестицијата е од 2 до 3 години, земајќи ги предвид сите параметри на деградација и загуби.
Клучно е да се одбере докажан производител. Нашите системи се од AAA – Tier 1 производител според Bloomberg и веќе функционираат во повеќе европски земји. Инвеститорот мора точно да знае каде опремата е инсталирана и како работи, дали некаде во Европа тие конкретни батерии функционираат, кој тука во Македонија ќе ги преземе и сл. Има случаи кога инвеститори купија батерии без да се осигураат за нивната функционалност, за нивната понатамошна инсталација и управување, и наместо да решат еден свој проблем, за жал си создадоа нов. Но, има решение за се.
8. Какви се опциите за финансирање?
Главно преку банки. И банките увидоа дека без батерии фотоволтаичните проекти не се одржливи на долг рок и дека батериит се неопходност и се исплатливи за кредитирање.
За финансирање е потребна физибилити студија и бизнис план, кои ние ги подготвуваме за нашите клиенти, обезбедувајќи им целосна поддршка – од идеја до реализација и управување.
9. Како ќе влијае CBAM врз електричната енергија и инвестициите во батерии?
CBAM ќе ја тангира не само тешката индустрија, туку и електричната енергија, како и уште неколку категории. Со влегувањето во 2026 година, извозот на електрична енергија без дополнителните трошоци за CBAM ќе стане неисплатлив и како таков нема ни да се прави. Никој надвор нема да сака да купи скапа струја од нас, оптоварена со таа давачка. Исто ќе биде во сите земји надвор од ЕУ, се додека не се усогласат со регулативата и не ги воведат потребните регулаторни тела внатре во државите.
Тоа значи дека електричната енергија произведена во Македонија ќе мора да се користи и продава на домашниот пазар. За да се постигне тоа, неопходно е таа да се складира кога ја има во вишок и потоа рационално да се распределува во текот на сите 24 часа и да ја трошиме тука, во Македонија.
Токму сега батериите стануваат стратешка инфраструктура – не само за инвеститорите, туку и за државата. На Македонија и требаат батерии, базна енергија и сериозни инвестиции во преносната и дистрибутивната мрежа.
Енергетската транзиција мора да биде планирана, а не стихијна, за системот да ни остане стабилен.
ПР
Соопштенија
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ за периодот 02.01.2026 – 08.01.2026 година.

• Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.
Контакт e-mail: [email protected]
(ПР текст)

