Контакт

Македонија

(Видео) Стотици фанови на „Вардар“ тргнаа кон скопскиот аеродром

Објавено пред

Фановите на ракометниот клуб „Вардар“ од пред пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром тргнаа кон скопскиот аеродром за да ги пречекаат нашите шампиони кои се очекува да слетаат од Келн околу 19 часот.

dobivaj vesti na viber

Фановите пред „Јане Сандански“ славеа со зурли, тапани и ора.

Од Меѓународниот аеродром Скопје, ракометарите и фановите ќе заминат на плоштадот „Македонија“ каде ќе биде организиран дочек на нашите шампиони.

Македонија

Без струја делови од Петровец и Ѓорче Петров

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека, поради технички зафати во електро истрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе станат:

dobivaj vesti na viber

на ден 01.07.2024 година (понеделник):

• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населените места: Долно Коњаре, Средно Коњаре, Горно Коњаре, Дивље и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)

• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Кучково. (Општина Ѓорче Петров)

на ден 02.07.2024 година (вторник):

• од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Козле, поточно објектите со парни куќни броеви од бр. 2 до бр. 4. (Општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Метеж на „Табановце” и „Богородица”, се чека најмалку половина час

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. На граничниот премин „Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Објавено пред

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според 95 проценти од обработените 77 избирачки места, Филипче освои 9.052 гласа што е околу четири пати повеќе од Филип Деспотовски за кои гласале 2.705 гласачи, додека пак Александар Бајдевски освоил 905 гласови. За Славјанка Петровска гласале 190 гласови, додека неважечки се 174 гласови.

Филипче е неврохирург кој во политиката сериозно влезе во 2017 година, кога му беше доверен ресорот за здравство.

Филипче изјави дека следи период на реорганизација на партијата.

„СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам. Од се срце се заблагодарувам на довербата. Ветувам дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои што ме водат во животот а тоа се заедништво,другарство,взаемна почит и отворена комуникација. Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, рече Филипче по прогласувањето на победата и вети дека нема да дели, туку ќе обединува и ќе се спротивстави на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ за свој личен интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Метеж на „Табановце” и „Богородица”, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија9 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија9 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија10 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија13 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија15 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија16 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија18 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија19 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија19 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија20 часа

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија23 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија1 ден

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија2 дена

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија2 дена

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија2 дена

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион2 дена

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ2 дена

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа2 дена

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија3 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...