Спорт
Ѓоковиќ во притвор – го третираат како криминалец и го чуваат двајца полицајци

Скандалозен однос на австралиските власти кон најдобриот тенисер во светот
Новак Ѓоковиќ не добил дозвола за влез во Мелбурн, бидејќи властите на Викторија му одбиле виза со наводно лоша документација.
По неколкучасовен распит во просториите на Одделот за имиграција, каде од Новак било побарано да обезбеди документација и докази врз основа на кои добил медицинско ослободување, Новак Ѓоковиќ бил испратен во притвор, каде што се наоѓа во моментов, дознава „Телеграф“.
Според информациите од „Телеграф“, најдобриот тенисер на светот се третира како криминалец и има скандалозен третман.
Тој е задржан во една просторија во притвор, го обезбедуваат двајца полицајци, забранет му е мобилниот телефон и контактот со кој било од неговиот тим.
Останува да се види како ќе заврши ситуацијата и дали Ѓоковиќ ќе биде вратен со авион, како што најави австралискиот премиер пред неговото пристигнување или ќе му биде дозволен влез во земјата.
Новак слета во Мелбурн околу 23:30 часот по локално време. Царината наводно нашла проблем во визната документација, а по нивното барање државата Викторија да го одобри неговото барање, тие го одбиле барањето, па Новак неколку часа поминал на испрашување, а на крајот во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.
Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.
„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.
Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.
Спорт
(Видео) Арсенал убедлив против Атлетико, ПСЖ и ПСВ ги растурија Баер односно Наполи

Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2).
Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што Арсенал имаше повеќе од поседот на топката.
Наполи никогаш во историјата не примил шест гола во Лигата на шампионите. Тоа му се случи вечерва во Ајндховен. Наполитанците водеа со 0:1, а потоа им се случи вистински потоп.
Актуелниот европски првак, ПСЖ, држеше час по фудбал во Леверкузен. Избраниците на Луис Енрике седум пати ја погодија мрежата на Баер. Еден гол постигна и „Златната топка“, Усман Дембеле, кој го одигра првиот натпревар уште одд крајот на август.
Резултати: Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4, Њукасл – Бенфика 3:0, ПСВ Ајндховен – Наполи 6:2, Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0, Виљареал – Манчестер Сити 0:2, Унион СЖ – Интер 0:4 и Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен 2:7.
Foto/ EPA
Спорт
Вардар 1961 со победа се враќа од Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26.
Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22).
Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз немаше ни време, ни сили да ја оспори победата на македонскиот вице-првак.
Јака Малус со 6 гола беше најефикасен кај Вардар.
Во вториот натпревар од групата на Вардар, екипите на Сесвете и Кристијанштад одиграа нерешено 32:32.
Foto/ rkvardar.com.mk