Свет
Австралискиот премиер: Војната меѓу САД и Кина веќе не е замислива
Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека неговата влада помалку драматично гледа на стратешките тензии на САД и Кина од владата на неговиот претходник, кој предупредуваше на потенцијална жешка војна пред претседателските избори во САД во ноември, пренесува „Сиетл тајмс“.
Поранешниот австралски премиер, Кевин Рад, неделава во магазинот „Форин аферс“ напиша дека ризикот од вооружен судир меѓу САД и Кина во наредните три месеци е особено голем.
Морисон рече дека неговата администрација изразила слични ставови во ажурирањето на одбранбената политика минатиот месец кога најави трошење 270 милијарди австралиски долари за зајакнување на воената способност, вклучително и ракети со долг дострел.
Морисон не се согласува со многумина во Вашингтон дека САД се во нова студена војна со Кина велејќи дека околностите се многу поинакви. Тој нема одговор на тоа како треба да се справат со притисокот на Кина за моќ во Јужното Кинеско Море, на индиската граница и во Хонг Конг.
„Јас сум оптимист, Австралијците се непоправливи оптимисти за овие работи. Мора да заземеме оптимистички, но не и нереален или наивен став. Мора да се поставиме и да се свртиме кон целите овде и тоа не е потиснување или контролирање на ниту една држава, тоа е за продуктивната и стратешката рамнотежа што може да се постигне“, рече Морисон.
Австралија и САД имаат билатерален договор за безбедност, како и сојуз со Индија и Јапонија преку квадрилатералниот безбедносен дијалог, што Кина го гледа со недоверба.
Односите на Австралија со Кина, нејзиниот најважен трговски партнер, се на ново ниско ниво по австралиските повици за независна истрага за потеклото и реакцијата на пандемијата на коронавирусот.
Морисон изјави дека не се сретнал со кинескиот претседател Шји Џјинпинг од средбата на маргините на самитот на Г20 во Јапонија во јуни минатата година. Австралија упати отворена покана за понатамошни разговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

