Свет
Австралија од јануари ќе почне со вакцинирање деца од 5 до 11 години
Австралија од 10 јануари ќе почне со администрирање вакцини против Ковид-19 на деца на возраст од 5 до 11 години, изјави аврстралискиот премиер Скот Морисон откога воведувањето на вакцината ги помина последните регулаторни пречки.
„Оваа вест ќе биде поздравена од милиони семејства во целата земја што сакаат да ги вакцинираат своите деца“, рече Морисон.
По прегледот на клиничките податоци во Канада, советодавната група за вакцинација препорача осумнеделен интервал меѓу дозите, што може да биде скратаен на три недели доколку се влоши епидемиолошката ситуација.
Во почетна фаза ќе се инјектираат вакцините на „Фајзер“, регулаторите ја проценуваат ефикасноста на вакцината на „Модерна“ во овој случај, а резултатите се очекуваат во наредните недели.
Одлуката доаѓа во време кога Австралија се обидува да ја забрза употребата на бустер-дозата откако стана една од највакцинираните земји во светот, со целосно вакцинирано речиси 90 отсто од населението над 16 години. Околу 70 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 15 години се целосно вакцинирани.
Властите ги повикуваат граѓаните да земат засилувачка доза поради загриженоста од новата позаразна варијанта на коронавирусот, сојот омикрон.
Државата Нов Јужен Велс, која го вклучува најголемиот австралиски град Сиднеј, денеска објави 516 нови случаи на зараза, најголем пораст во последните два месеца.
Повеќето од нив се предизвикани од варијантата делта, но бројот на зараза со омикрон се зголемува откако Австралија го пријави својот прв случај пред околу две недели. Досега се откриени 50-ина случаи, повеќето во Сиднеј.
Австралија објави околу 225.000 случаи на зараза од коронавирус и 2.084 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

