Свет
Австралија чека спас, метеоролозите најавија обилни дождови
Според најновата метеоролошка прогноза, се очекува австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс (НСВ) и Викторија да ги зафати пороен дожд оваа недела.
Австралискиот метеоролошки институт објави прогноза која предвидува големи врнежи од дожд во речиси цела НСВ во текот на следните седум дена.
„Ако оваа прогноза се оствари, ќе биде како да се оствариле сите наши желби за Божиќ, родендени, свршувачки, годишнини, свадби и матури. Да ги вкрстиме прстите”, напиша Државната противпожарна служба на „Твитер“.
If this @BOM_NSW rainfall forecast comes to fruition then this will be all of our Christmas, birthday, engagement, anniversary, wedding and graduation presents rolled into one. Fingers crossed. #NSWRFS #nswfires pic.twitter.com/R9VfD0bqu2
— NSW RFS (@NSWRFS) January 12, 2020
Денеска се очекува дожд на централниот и северниот брег на Австралија. Обилните врнежи се предвидени в четврток кога се очекуваат значителни врнежи од дожд во поголемиот дел од Нов Јужен Велс. Предвидено е до 25 мм дожд во некои области на јужниот брег, пренесува „Дејли мејл“.
Колку и да се охрабрувачки вестите, многу метеоролози предупредуваат дека обилните врнежи од дожд може да предизвикаат лизгање на земјиштето
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

