Свет
Австралија ќе ги казнува социјалните мрежи ако експресно не отстранат насилни содржини
Австралија ќе ги казнува социјалните мрежи до десет проценти од нивните годишни профити, а директорите на овие компании и со затвор до три години, доколку во иднина насилните содржини не бидат експресно отстранети, стои во новиот закон кој тамошниот парламент го изгласа денеска.
Новиот закон е одговор на убиствата што се случија во Нов Зеланд, каде што екстремист уби 50 луѓе во две џамии.
Напаѓачот го пренесуваше злосторството во живо на „Фејсбук“, а корисниците го споделуваа видеото повеќе од еден час пред да биде отстрането, за што австралискиот премиер, Скот Морисон, рече дека е неприфатливо долга реакција.
„Важно е дека ние праќаме јасна порака до компаниите кои управуваат со социјалните мрежи дека очекуваме да го променат своето однесување“, изјави австралискиот министер за комуникации, Мич Фајфилд, за новинарите во Канбера.
„Гугл“ веднаш одговори на новиот закон велејќи дека нема да толерира терористички содржини на своите платформи. Од „Фејсбук“ уште не го коментираат законот, но минатата недела објавија дека размислуваат за ограничување на пристапот до содржините што се пренесуваат во живо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

