Свет
Агенцијата за домашна безбедност на САД распоредува федерални агенти за заштита на спомениците на 4 јули
Администрацијата на Трамп, наводно, ќе распореди специјално обучени федерални агенти за заштита на американските споменици за време на празичниот викенд за 4 јули, пренесува „Њујорк пост“.
Агенцијата за домашна безбедност ќе ги испрати единиците во Сиетл, Портланд и со Вашингтон откако граѓанските немири поради убиството на Џорџ Флојд продолжија повеќе од еден месец.
„Претстојниот празничен викенд на 4 јули има потенцијал за зголемена детруктивна активност на одредени локации низ целата земја што може да ги загрози нашите вработени и сојузните објекти и имотот што тие го штитат“, се вели во меморандумот, напишано од в.д. секретар на агенцијата, Чад Вулф.
Агенцијата ги подготвува своите тимови за брзо распоредување (РДТ) од Единицата за заштита на американските заедници (ПАЦТ), кои вклучуваат полицајци обучени за управување со толпа и за контрола на немири.
Не е јасно колку агенти ќе бидат испратени во секој град и со каква опрема ќе бидат обезбедени за да се заштитат статуите од вандализирање. Дополнителни тимови ќе бидат за распоредување на други локации ако е потребно.
Планот е најнов потег во повеќестраниот пристап што претседателот Трамп го презеде за агресивно да ги потисне американските демонстранти кои уништија статуи на личности поврзани со ропството или расизмот низ целата земја.
Трамп минатата недела потпиша наредба во која ветува најостри федерални казни за оние што ќе бидат фатени како оштететуваат статуи. Наредбата исто така дозволува федералната влада да го ускрати финансирањето на локалните агенции за спроведување на законот ако тие не успеале да ги заштитат јавните споменици.
Трамп сподели фотографии на демонстранти осомничени дека се обиделе да урнат споменик на претседателот Ендрју Џексон во близина на Белата куќа претходно минатата недела. Демонстрантите го таргетираа седмиот претседател на САД, кој бил сопственик на робови и чијшто Акт за отстранување на ндијанците наметна насилно, понекогаш смртоносно раселување на десетици илјади домородни Американци од нивните домови од повеќе милиони хектари индијанска земја во Џорџија, Тенеси, Алабама, Северна Каролина и на Флорида.
Освен тоа, јавниот обвинител Бил Бар во петокот објави дека формира нова владина работна група која се фокусира на антивладините екстремисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

