Свет
Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир Путин.
„Ќе бидам најголемиот непријател кој некогаш го имал“, рекол Трамп во интервју за Си-ен-би-си.
Трамп истакнал дека ја цени можноста за унапредување на односите меѓу САД и Русија, дури и по тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во повеќе наврати се обидела да се меша во претседателските избори во САД.
„Да се согласуваш со Путин и со Русија е позитивно, не негативно“, оценил Трамп.
Тој истовремено го критикувал својот претходник Барак Обама дека бил целосно наивен кон Русија, додека тој, како што тврди, имал многу поцврст став кон Москва од кој било претседател, можеби на сите времиња.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, објави на „Твитер“ дека претседателот Трамп го поканил рускиот колега на есен да го посети Вашингтон. Според информациите, Трамп го одбил предлогот на Путин да ѝ дозволи на Русија да испрашува американски граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

