Свет
Двајца Руси обвинети за труењето на Сергеј и Јулија Скрипал

Двајца руски државјани се обвинети за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Има доволно докази за покренување обвинение против Александар Петров и Руслан Боширов од Русија, дека се виновни за труењето на Скипал, соопштија британските власти.
Според битанското обвинителство, постојат цврсти докази и може да биде покренато обвинение против двајцата Руси, тие се обвинети во отсуство за заговор за убиството, за обид за убиство и за употреба на нервниот гас новичок.
Поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка на 4 март беа отруени, а првиот контакт со нервниот агенс новичок го имале во својот дом во Велика Британија, соопшти тогаш британската полиција.
Експертите утврдиле дека најголема концентрација на нервниот отров имало на влезната врата од нивната куќа во Салисбури. Траги од нервниот отров биле пронајдени и на други места каде што истражувачите работеле, но со послаба концентрација од онаа што била пронајдена во домот на Скрипал, посочи тогаш британската полиција.
Откако Лондон ја обвини Русија дека е одговорна за труење на Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Москва категорично ја негираше информацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“