Свет
„Амазон“ достигна нова рекордна вредност, Безос се збогати за време на кризата

Нето-вредноста на имотот на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, достигна нова рекордна вредност од 171,6 милијарди долари, по порастот на цената на акциите на „Амазон“ поради преминувањето на милиони потрошувачи на е-трговијата за време на корона-кризата, пишува „Блумберг“.
Акциите на „Амазон“ пораснаа за 4,4 проценти на рекордни 2.878,70 долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди долари од септември 2018 година, според индексот за милијардери на „Блумберг“.
Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се исто така дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, кој додаде на своето богатство 25,8 милијарди долари од 1 јануари годинава, како и основачот на „Зум видеокомуникации“, Ерик Јуан, чиешто богатство речиси се удвои и изнесува 13,1 милијарда долари.
Имотот на Мекензи Безос, која доби четири проценти од акциите во „Амазон“ по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценува на 56,9 милијарди долари.
Сите милијардери не профитираа од кризата предизвикана од коронавирусот, забележува „Блумберг“. Амансио Ортега, сопственик на модниот бренд „Зара“, изгуби 19,2 милијарди долари, претседателот на „Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафет, остана без 19 милијарди долари, а францускиот тајкун на луксузна стока, Бернард Арно, изгуби 17,6 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.