Контакт

Свет

Амбасадорката на САД во ОН: Уште еден мировен договор на Израел во следните ден или два

Објавено пред

Уште еден договор за нормализација со посредство на САД меѓу Израел и арапска земја се очекува да биде потпишан во следните ден или два, рече американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, во интервју за „Ал-Арабија“ во средата.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот план е да донесеме повеќе земји, за кои ќе имаме уште многу најави наскоро … Една земја ќе потпише во наредните ден или два. Ние сме многу возбудени и знаеме дека другите ќе следат и не сакаме да изолираме никого, туку да ги донесеме сите во надеж дека ова ќе им овозможи на иранските граѓани да видат дека луѓето навистина сакаат мир на Блискиот Исток и дека тие се дел од овој мир“, рече таа.

Мароко, Оман и Судан се промовираат како следни најверојатни кандидати за склучување мировни договори со Израел по историскиот Аврамски договор на потпишан од еврејската држава и Обединетите Арапски Емирати, како и Бахреин минатата недела.

Крафт изрази надеж дека и Саудиска Арабија ќе го следи примерот.

„Очигледно, ние би сакале Саудиска Арабија да биде следна. Но, она што е важно е да се фокусираме на договорот и да не дозволиме иранскиот режим да ја искористи добрата волја на Бахреин, ОАЕ или Израел.  Секогаш кога некој подава рака кон Иран, таа мора да биде упатена кон иранските граѓани“, рече таа.

Претседателот Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека за брзо време ќе следат повеќе мировни договори со Израел.

„Тие доаѓаат брзо и знаат дека тоа е одлично за нив и за целиот свет“, рече Трамп за време на своето обраќање на првото виртуелно Генерално собрание.

Трамп ги опиша таканаречените Аврамски спогодби, потпишани минатата недела, како значаен пробив на Блискиот Исток по децениите без напредок.

„Израел, ОАЕ и Бахреин потпишаа историски мировен договор во Белата куќа, а следат и многу други блискоисточни земји. Наскоро имаме намера да испорачаме нови мировни договори и никогаш не сум бил поголем оптимист за иднината на регионот. Во песокот нема крв. Тие денови се надевам дека завршија. Овие револуционерни мировни договори се зората на новиот Блиски Исток. Преземајќи поинаков пристап, постигнавме различни резултати – крајно посупериорни исходи “, рече тој.

Позајмувајќи од „тетратката“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека договорите претставуваат мир преку сила.

„Америка ја исполнува својата судбина како миротворец“, рече тој.

Свет

(Видео) Нов Зеланд ја пречека Новата година со огномет

Објавено пред

Нов Зеланд ја пречека Новата година во 12 часот по средноевропско време со огномет и прослави низ целата земја.

dobivaj vesti na viber

Пред Нов Зеланд, Новата година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга и Киритибати (Велигденски Остров), каде што жителите ја пречекаа 2026 година претежно на плажа или на баровите на плажите.

По нив, Новата година ќе ја дочекаат Австралија, Северна и Јужна Кореја, Тајланд, Индија, ОАЕ, Русија, Јужна Африка и поголемиот дел од Европа.

Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во новата 2026 година, па Бразил, Њујорк и Лос Анџелес ќе бидат последните што ќе ја дочекаат Новата година.

Прикажи повеќе...

Свет

Топ десет најлуксузни градови во светот: победникот не е изненадување

Објавено пред

Откриен е градот што нуди најлуксузен живот во светот, а победникот веројатно нема да ве изненади. Со речиси 900 врвни ресторани и 150 петѕвездени хотели, титулата ја понесе Париз, францускиот град на љубовта и позната дестинација за сите оние што бараат гламурозно искуство, пишува Дејли Меил.

dobivaj vesti na viber

Нова студија анализираше шест индикатори за богатство и начин на живот за да ги рангира светските градови. Конечниот „индекс на луксуз“ е создаден со комбинирање на податоци за бројот на милионери и милијардери во однос на бројот на жители, како и за густината на врвни ресторани, петѕвездени хотели, луксузни продавници и казина на квадратен километар, објавува „Индекс“.

Француската престолнина го освои првото место првенствено благодарение на својата неспоредлива кулинарска сцена. Градот нуди дури 834 врвни ресторани на 100 квадратни километри, повеќе од која било друга светска дестинација. Покрај тоа, Париз се гордее со 142 петѕвездени хотели и до 10 казина во истата област.

Второто место го зазеде Мелбурн. Австралискиот град е дом на 94.000 милионери кои можат да избираат од повеќе од 100 елитни ресторани. Мелбурн, исто така, има голема концентрација на првокласни хотели (125) и луксузни продавници (143), што им нуди на богатите посетители многу опции.

На третото место е Цирих, градот што привлекува најголем број милионери по глава на жител. Речиси еден од пет жители овде има седумцифрена вредност, што го одразува статусот на Цирих како глобален центар за управување со богатството. Градот ги третира своите богати гости со 150 врвни ресторани.

Четврт на листата е Мајами, кој има приближно иста концентрација на милионери како Париз, но и значително повеќе милијардери по жител (37). Според тоа, градот нуди повеќе од 120 врвни ресторани и околу четириесет луксузни продавници за малопродажба.

Милано ги заокружува првите пет на листата. Италијанската престолнина на модата му конкурира на Париз во врвна гастрономија со 193 луксузни ресторани кои служат заедница од 82.000 милионери. Со речиси 20 петзвездени хотели и 76 луксузни продавници, Милано е идеално место за љубителите на најновите трендови.

Њујорк е втор најлуксузен град во Америка и, според студијата, има најголем вкупен број милионери и милијардери. По него следува Лос Анџелес, додека Сингапур е на осмото место како главен азиски финансиски центар. Сеул се најде на деветтото место со 66.000 милионери и 16 милијардери, а Лондон ги заокружува првите 10, потврдувајќи ја својата репутација како центар на глобалното богатство.

Топ 10 најлуксузни градови: Париз, Мелбурн, Цирих, Мајами, Милано, Њујорк, Лос Анџелес, Сингапур
Сеул, Лондон.

Прикажи повеќе...

Свет

Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе

Објавено пред

Најмалку четири лица, од кои три се деца, се повредени во синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса, објавија денес регионалните власти, наведувајќи дека се оштетени станбени згради и инфраструктурни објекти.

dobivaj vesti na viber

„Нападот со беспилотно летало бил насочен кон станбени згради, логистика и енергетска инфраструктура“, изјави началникот на регионот Одеса, Олег Кипер, во порака на Телеграм.

Воените власти на тој регион објавија дека меѓу повредените има седуммесечно бебе и две други деца, како и 42-годишен маж, пренесува Ројтерс.

Големото црноморско пристаниште Одеса е цел на повторени руски напади со беспилотни летала и ракети, кои ја уништуваат енергетската, сообраќајната и пристанишната инфраструктура, како и станбените делови на тој град, според медиумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија2 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија4 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија4 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија4 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет5 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет5 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет5 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет5 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија19 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија22 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ23 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија23 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија1 ден

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 ден

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет1 ден

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија1 ден

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија1 ден

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...