Свет
Американската архиепископија: Eкспертите на ООН да го разгледаат прашањето за „Аја Софија“
Американската архиепископија на Вселенската патријаршија испрати барање до експертите на Обединетите нации да ја повикаат Турција на одговорност за одлуката музејот и поранешната православна црква „Аја Софија“, која се наоѓа во Истанбул, да се претвори во џамија.
Во барањето се наведува дека станува збор за намерна политика на Турција насочена кон бришење на културното наследство на православните христијани, наведува АНА, пренесува „Танјуг“.
„Повторното претворање на ‘Аја Софија’ во џамија претставува радикално присвојување на православното христијанско културно наследство и живите христијански заедници во Турција“, рече архиепископот на Американската вселенска патријаршија, Елпидофор.
Тој изјави дека постапувањето кон добрата на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство – во кои е вклучена и „Света Софија“ во 1985 година – како и промените во нивниот статус, е причина за загриженост на меѓународната заедница како целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

