Свет
Американскиот потпретседател Мајк Пенс во самоизолација
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, е во самоизолација надвор од Белата куќа по потврдувањето дека неговата портпаролка е заразена со коронавирус, пренесува „Блумберг“ цитирајќи тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Како што се наведува, Пенс не присуствувал на состанокот во саботата со претседателот Доналд Трамп и со воените функционери. Еден од изворите наведува дека резултатот на тестот на Пенс во неделата бил негативен. Тој додава дека Трамп и Пенс редовно се тестираат на коронавирус.
Белата куќа не коментира, пренесува „Ројтерс“. Агенцијата претходно објави, повикувајќи се на неименуван извор, дека администрацијата на американскиот претседател не планира да ги раздели Трамп и Пенс иако расте загриженоста за ширење на коронавирусот во Белата куќа.
Во Белата куќа регистрирани се два случаја на коронавирус, што ги поттикна стравувањата дека се зазарени и претседателот и потпретседателот. Еден ден по откривањето дека личниот батлер на Трамп е позитивен на коронавирусот, беше објавено дека се заразени и портпаролката на Пенс и сопругата на советникот на Трамп, Кејти Милер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

