Контакт

Свет

Американскиот разорувач протеран од Јужното Кинеско Море откако беше избркан од руските води

Објавено пред

Кинеските поморски и воздухопловни сили заеднички го протерале американскиот разорувач „УСС Џон С. Мекејн“ од спорните острови во Јужното Кинеско Море за што американската морнарица тврдеше дека се работи за уште едно крстосување за слобода на навигација, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

„Народната ослободителна армија (ПЛА) го протера ‘УСС Мекејн’ откако разорувачот навлезе во територијалните води на Кина покрај островите Нанша во Јужното Кинеско Море“, рече полковникот Тијан Џунли, портпарол на Командата на јужниот округ на ПЛА.

„ПЛА се спротивставува на акциите на САД, кои ги загрозуваат суверенитетот и безбедноста на Кина, како и мирот во Јужното Кинеско Море“, рече полковникот додавајќи дека кинеската војска останува во состојба на готовност.

Нанша е името што Кина им го даде на островите Спратли, архипелаг од мали острови и подводни гребени, што повеќе земји ги сметаат за свои. Пекинг изгради вештачки острови на неколку гребени и изгради воени објекти за да ги зајакне своите територијални претензии.

Американската морнарица го потврди присуството на разoрувачот во областа, но имаше многу поинаков наратив во врска со настаните.

„’УСС Мекејн’ набрзина пловеше покрај спорните острови во уште една демонстрација на слободата на поморската навигација“, рече портпаролот на Седмата флота со седиште во Јокосука, Јапонија.

2УСС Мекејн“ не побарал дозвола за потегот и не издал предупредување за да демонстрира дека невиниот премин може да не биде предмет на такви ограничувања, рече поручникот Keо Кили, кој додаде дека сите интеракции со странските воени сили беа во согласност со меѓународните норми и не влијаее на операцијата.

Минатиот месец „УСС Мекејн“ направи сличен потфат во руските води крај брегот на Владивосток, исто така под маската на операциите „Слобода на навигацијата“ (ФОНОП). Тој се повлече кога беше предупреден од рускиот разорувач од класата „Удалој“, „Адмирал Виноградов“, дека ќе биде истуркан од територијалните води ако не ги напушти“.

„УСС Мекејн“ во август 2017 година неславно се судри со товарен брод покрај брегот на Сингапур. Во инцидентот загинаа десет војници за што американската морнарица ги обвини проблемите со опремата и недоволната обука. Бродот штотуку се врати од ФОНОП во Јужното Кинеско Море.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

Објавено пред

Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.

Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.

Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.

Прикажи повеќе...

Свет

Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.

„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.

Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.

Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без струја, греење и вода при температури под нулата. Откако руските напади пред пет дена ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град, големи делови од Киев се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Зеленски најави дека во Киев ќе биде формирана работна група која 24 часа дневно ќе го координира одговорот на кризата, додавајќи дека напорите за поддршка на граѓаните и заедниците во рамки на вонредните мерки ги предводи новоименуваниот министер за енергетика Денис Шмигал.

„Последиците од руските напади и влошувањето на временските услови се тешки“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Портпарол на најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК изјави дека сериозноста на ситуацијата во Киев и низ цела Украина бара координација без преседан меѓу властите и снабдувачите со енергија.

Владата ќе ги засили напорите со странските партнери за да обезбеди критична енергетска опрема, да го зголеми увозот на електрична енергија и да обезбеди дополнителна поддршка. Истовремено, ќе се поедностават правилата за приклучување резервна енергетска опрема на мрежата за време на вонредната состојба.

Се очекува Министерството за образование и локалните власти да достават предлози до владата за форматот на похаѓање на наставата за децата за време на вонредната состојба.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија23 минути

(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања

Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Суспендирани визи...

Македонија30 минути

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија2 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет4 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет4 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет5 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет5 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет5 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија16 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет16 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија18 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија21 час

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ22 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија24 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија1 ден

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија1 ден

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет1 ден

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...