Свет
Американски воени бродови пловеле во близина на спорни острови во Јужното Кинеско Море
Два воени брода на американската морнарица пловеле близу до островите на Јужно Кинеско Море кои Кина тврди дека се на нејзина територија, двајца официјални претставници на САД изјавија за „Ројтерс“. Ваквиот потег веројатно ќе го налути Пекинг, додека претседателот Доналд Трамп бара континуирана соработка во врска со Северна Кореја.
Официјалните претставници на САД, кои сакале да останат анонимни, изјавиле дека уништувачот на ракети Хигинс со и „Антиетам“ ракетен крузер, се најдоа на 12 наутички милји од Параселовите Острови, помеѓу низа островчиња и гребени за кои Кина има територијални спорови со своите соседи.
Воените бродови на САД спровеле операции за маневрирање во близина на Три, Линколн, Тритон и Вуди, острови во склоп на Парасел, изјави еден од официјалните претставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

