Свет
Американски официјални лица предупредиле дека во САД не треба да се користат кинески тестови на коронавирусот
Американски дипломати и безбедносни служби ги предупредиле властите во Невада да не користат кинески тестови на коронавирусот, дознава АП.
Тестовите пристигнале во САД како донација од Обединетите Арапски Емирати, објави АП.
Според документите до кои агенцијата АП имала пристап, предупредувањето е испратено поради загриженост за приватноста на пациентите, точноста на тестот и вклученоста на кинеската влада во проектот.
Информациите до кои дојде АП го илустрираат обидот на американската влада да спречи федералната држава да има каква било врска со проектот во кој е вклучена кинеската групација БГИ, водечка компанија за генетско секвенционирање.
Како резултат на предупредувањата од официјалните претставници на државната безбедност и Стејт департментот, гувернерот на Невада, Стив Сисолак, наредил да не се користи ниту еден од донираните 250.000 комплети за тестирање во болница во таа американска држава.
Според АП, геополитиката може да има улога во тоа предупредување имајќи ја предвид трговската војна што американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата администрација ја водат против Кина.
Администрацијата на Трамп, на пример, активно лобира кај своите сојузници да не ја користат телекомуникациската опрема на кинеската компанија „Хуавеј“ повикувајќи се на безбедносни ризици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

