Свет
Америка го укина посебниот економски статус за Хонгконг
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна одредба со која се укинува преференцијалниот економски третман за Хонгконг, откако Кина воведе нов закон за безбедност во таа област.
„Хонгконг ќе се третира како Кина во иднина, нема да има извоз на американска технологија“, рече Трамп на прес-конференција.
Тоа значи дека компаниите со седиште во Хонгконг ќе мора да преиспитаат што ќе значи оваа одлука за нивниот бизнис.
„Нема посебни привилегии, нема посебен економски третман и извоз на специјални технологии“, рече претседателот на САД, кој најави ваков потег за првпат во мај, пренесува Би-би-си.
Трамп исто така потпиша закон за воведување санкции на кинеските службеници кои, како што тврди, ги кршат правата во Хонгконг, а Кина најави одговор.
Од друга страна, законот за автономија на Хонгконг, кој беше едногласно усвоен од Конгресот претходно оваа недела и беше потпишан денеска, ѝ дава на американската администрација моќни нови алатки за повикување на одговорност на оние кои ги кршат човековите права.
Во соопштението, кинеското Министерство за надворешни работи ги осуди најновите потези на САД, повикувајќи го Вашингтон да престане да се меша во внатрешните работи на Кина.
„Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да ги заштити своите легитимни интереси“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор
Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.
„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.
Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.
Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.
Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.
Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.
Сите тројца се уапсени на автопатот.
Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.
Регион
(Видео) Падна снег во БиХ и во Словенија
Најавениот студен бран стигна и до Босна и Херцеговина, а од Нови Град пристигнуваат снимени видеа.
Имено снегот веќе пристигна во Нови Град, пренесува „ N1“.
По летните температури од претходните денови, пристигна најавениот студен бран, а снег паѓа во некои делови на Босна и Херцеговина.
Снег падна и во Словенија, како што пренесуваат медиумите.
Снег веќе паѓа и во Штаерска, на надморска височина под 500 метри.
Свет
Ердоган за Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелското раководство се единствени одговорни за неодамнешната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше последната капка“, рече тој на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата.
Тој додаде дека се можни нови регионални конфликти се додека продолжува „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно.
Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот напад, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада.
Иран го нападна Израел со стотици експлозивни дронови, крстаречки и балистички ракети лансирани во саботата вечерта, на што израелските власти ветија дека ќе одговорат. Иран го изврши нападот како одмазда за израелскиот напад во кој на 1 април беше срушена зградата на амбасадата во Дамаск, при што беа убиени двајца ирански генерали и неколку други офицери.