Свет
Анкара потврди: 20 турски војници загинаа во падoт на авионот, објавени имињата и фотографиите на жртвите, причините сè уште непознати
Анкара денес ја потврди смртта на 20 турски војници во воен товарен авион што се урна вчера во источна Грузија.
Турското Министерство за одбрана ги објави имињата и фотографиите на жртвите, но сè уште не ги објави можните причини за падот на авионот „Ц-130“.
„Нашите херојски соборци станаа маченици на 11 ноември 2025 година“, се вели во соопштението издадено во име на министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, кое го емитува државната телевизија ТРТ.
Türkiyəyə məxsus təyyarənin Gürcüstan-Azərbaycan sərhəddində qəzaya uğradığı bildirilir #Uçak #Türkiye #sondakika #Turkey #Georgia #Gürcistan pic.twitter.com/qOjyfZx6C8
— Ismayil Jabiyev (@ismayiljabiyev) November 11, 2025
Турските власти исто така објавија дека турскиот тим почнал истрага за остатоците од воениот авион во 6.30 часот наутро по локално време во координација со грузиските власти.
Сите 20 члена на екипажот на турскиот воен транспортен авион „Ц-130“ загинале кога авионот се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан.
Авионот „Ц-130“ полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога се урна, соопшти претходно турското Министерство за одбрана.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази длабока тага и сочувство до семејствата на жртвите. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така му упати сочувство на Ердоган нарекувајќи ја несреќата трагична загуба и изразувајќи солидарност во овој момент на болка.
Грузиското Министерство за внатрешни работи објави дека авионот се урнал во општината Сигнаги, во близина на границата со Азербејџан, и дека е почната истрага.
Поведена е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти.
„Ц-130 геркулес“, произведен од американската компанија „Локид Мартин“, има четири мотори и е наменет за воени транспортни задачи.
Авионот е дизајниран за слетување и полетување од неподготвени или полуподготвени писти, а се користи за транспорт на воен товар, војници и за евакуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.

