Контакт

Свет

Арапската лига на итен состанок за турската офанзива

Објавено пред

Арапската лига ќе има итен состок в сабота по барање на Египет во врска со турската офанзива во североисточна Сирија. Арапската лига, во која членуваат 22 земји, вклучувајќи ги Египет, Ирак и Саудиска Арабија, соопшти дека средбата ќе се одржи на министерско ниво и ќе се разговара за турската агресија врз сириска територија.

Египетското Министерство за надворешни работи вчера остро ја осуди турската агресија против сириската територија, истакнувајќи дека офанзивата „е флагрантен и неприфатлив напад врз суверенитетот на братска арапска земја“. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во телефонски разговор со неговиот ирачки колега Бархам Салих порачал дека турската агресија е опасен развој што ги загрозува меѓународниот мир и безбедност и ја влошува кризата во регионот.

Европа

Германските пратеници го одобрија предлогот на Меркел да воведе ограничувања

Објавено пред

Германските пратеници го одобрија предлогот на владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување унифицирани ограничувања во областите каде што коронавирусот се шири пребргу.

Преку законите што доследно се применуваат како кочница за итни случаи во областите со голема стапка на новозаразени од коронавирус има цел да се воведат низа мерки како одговор на пандемијата на Ковид-19 во 16 германски сојузни држави, пренесува АП.

Долниот дом на парламентот денеска гласаше за планот со 342 гласа „за“ и 250 „против“, а 64 беа воздржани. Горниот дом, во кој се претставени државните влади, треба да ги разгледа законите в четврток.

Предлогот содржи планови за воведување полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, ограничување на личните контакти, затворање објекти за забава и спорт, како и затворање и ограничување на пристапот до многу продавници.

Прикажи повеќе...

Регион

Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Објавено пред

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана, Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и на експертската помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во многубројни области.

„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и на експертската помош на Словенија“, се вели во соопштението од црногорските власти.

Истовремено, биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Полицаец убил тинејџерка од Охајо

Објавено пред

Полицијата во Охајо уби 16-годишна Афроамериканка откога реагирала на итна пријава со напад со нож, известуваат американските медиуми.

Според нив, тинејџерката, која учествувала во инцидентот во главниот град Колумбос, е идентификувана како Махија Брајант.

Веста за убиството на тинејџерката во полициската интервенција во Охајо беше објавена непосредно пред поранешниот полицаец Дерек Шовин од Минеаполис, Минесота, да биде прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Набргу по убиството на девојчето, во близина на местото каде што се случил инцидентот, биле организирани мирни протести, чии учесници го извикувале името на тинејџерот, пренесува Би-би-си.

По пристигнувањето, полицијата пронашла неколку лица што се расправале на тревникот пред куќата вклучувајќи ја и тинејџерката која со нож нападнала првин една жена, која паднала, а потоа и друга личност, како што соопшуваат надлежните, ова го виделе на видеото од камерата што била прикачена на полициските униформи.

„Ова не требаше да се случи. Сакам одговори“, рече мајката на убиеното девојче додавајќи дека ќерка ѝ, која била во згрижувачко семејство, со нетрпение чекала да се врати дома.

Градоначалникот на Колумбос, Ендру Гинтер, изјави дека ова е „ужасен, срцепарателен и трагичен ден во градот“.

„Од видеото знаеме дека полицаецот постапил за да заштити друга млада девојка во нашата заедница, но семејството е тажно вечерва“, рече Гинтер.

Полицаецот што ја уби тинејџерката не е именуван, но, како што пишуваат американските медиуми, тој е на платено отсуство. Истрагата е во тек, а официјалните лица апелираат до граѓаните да останат смирени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија4 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија6 часа

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија6 часа

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија7 часа

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ8 часа

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија9 часа

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија10 часа

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион11 час

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ12 часа

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Свет13 часа

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет13 часа

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видеопорака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ23 часа

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија24 часа

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија24 часа

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт1 ден

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија1 ден

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија1 ден

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Досие