Свет
Ајкула уби нуркач во познато одморалиште во Мексико
Голема бела ајкула го уби нуркачот Мануел Лопез во познато летувалиште во Мексико.
Страшниот напад се случил на 5 јануари, а ајкулата му ја откинала главата и вратот на нуркачот.
Мануел нуркал во популарниот залив Тобари, кога ненадејно го нападнала ајкула долга шест метри.
Портпаролот додаде дека нуркачите во оваа област биле предупредени за зголемено присуство на ајкули и дека повеќето од нив тие денови не влегле во водата, пишува Мирор.
Мануел веројатно не сакал да ги послуша тие предупредувања, бидејќи се обидел да заработи ловејќи школки.
„Големите бели ајкули се најзастапени во Калифорнискиот Залив во текот на декември и јануари, велат експертите.
По нападот заливот бил затворен за пливање 24 часа,пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos

