Свет
Башар Асад: Време е Западот да признае дека ја загубил контролата врз Сирија
Претседателите на Сирија и Иран, Башар ал Асад и Хасан Рухани преку телефонски разговор ги размениле ставовите за ракетниот удар на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија.
„Време е западните сили кои го поддржуваат тероризмот да признаат дека ја загубиле контролата. Тие чувствуваат дека ја загубиле довербата кај своите народи и во светот“, рекол Асад, соопшти неговата прес-служба.
Претседателот на Иран го осудил нападот во Сирија и потврдил дека Техеран ќе остане на страната на сириското раководство и неговиот народ. Рухани исто така, изрази уверување дека агресијата на западните земји нема да го ослабне сирискиот дух во борбата против тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

