Свет
Бајден ги критикува Тексас и Мисисипи: Неандерталско размислување е одлуката за укинување на маските

Американскиот претседател, Џо Бајден, ги критикува одлуките за ублажување на мерките против Ковид-19 во сојузните држави Тексас и Мисисипи и го нарече ваквото размислување неандерталско во ситуација кога има поголем број смртни случаи од пандемијата на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека на новинарско прашање за тоа дали има порака за гувернерите од Тексас и Мисисипи, кои донеле одлука за укинување на обврската за носење маски, Бајден рекол дека тоа е голема грешка и дека сите веќе разбрале колку е важно носењето маски во борбата против вирусот.
„Последното нешто што ни треба е неандерталско размислување – сè е во ред, тргнете ги маските. Заборавете на тоа. Сепак, важно е да носите маски”, рече американскиот претседател пред состанокот со пратениците од редовите на демократите и републиканците посветен на борбата против ракот.
Бајден истакна дека зголемената достапност на вакцините е клучна во спречувањето на пандемијата, но дека примената на мерките поврзани со носење маски, миење раце и физичко растојание и натаму е од најголема важност.
„Ројтерс“ известува дека на прашањето за изјавата на Бајден, гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, за „Фокс њуз“ изјавил дека повеќе немаат здравствена криза во таа сојузна држава и нагласил дека би сакале да видат претседател што повеќе им верува на Американците наместо да ги навредува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.