Свет
Бајден: На половина пат сме, 50 милиони вакцини за 37 дена

Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази задоволство од фактот дека 50 милиони дози се употребени во кампањата за вакцинирање против Ковид-19 од неговото преземање на функцијата, но предупреди дека сè уште не е дојдено време за релаксација, пренесува британски „Гардијан“.
Весникот наведува дека американскиот претседател потврдил дека неговиот план за примена на 100 милиони дози во првите 100 дена од мандатот се реализира повеќе од добро и дека за 37 дена откако е на чело на САД веќе се потрошени 50 милиони вакцини, пренесува „Танјуг“.
„Ние сме на половина пат: 50 милиони дози за 37 дена, тоа е неколку недели пред планираното“, рече Бајден.
Претседателот на САД, исто така, предупреди дека може да се шират нови видови на вирус, што ќе доведе до повеќе случаи на инфекција и хоспитализации и апелираше до Американците да продолжат да ги почитуваат мерките на владата за да се сузбие Ковид-19.
„Гардијан“ исто така наведува дека Бајден не можел да прецизира кога земјата ќе се врати во нормала, но тој потврдил дека приоритет на неговата администрација е да овозможи тој ден да дојде што е можно побрзо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Чешка протера руски дипломати

Чешка одлучи да протера 18 вработени во руската амбасада во Прага, за кои надлежните чешки служби тврдат дека се руски разузнавачи.
„ Како чешки министер за надворешни работи, решив да ги протерам сите вработени во Руската амбасада во Прага, кои од страна на нашите специјални служби беа идентификувани како припадници на руските разузнавачки агенции СВР и ГРУ“, рече вицепремиерот и министер за надворешни работи, Јан Хамачек на прес-конференција.
Тој додаде дека руските дипломати имаат 48 часа да ја напуштат Чешка, пренесува ТАС С.
Регион
Разбиена студентска забава во Загреб – меѓу присутните и еден заболен од ковид

Членовите на полициската управа во Загреб извршија рација во студентско здружение, каде пронајдоа 64 лица, меѓу кои еден 31-годишник на кого му била одредена мерка домашно лекување од ковид.
Полициската акција била спроведена синоќа во соработка со Штабот за цивилна заштита во студентското здружение на улицата „Гундулишева“.
На сите фатени лица ќе им се издадат прекршочни налози во редовна постапка во согласност со одредбите на Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесуваат хрватските медиуми.
Тие не се придржувале кон епидемиолошката мерка за забрана на сите јавни настани и собири на кои присуствувале повеќе од 25 лица на едно место, а ниту едно од затекнатите лица не носело заштитна маска кога влегле полицајците.
Ќе бидат поднесени кривични пријави против девојчето (25) и младиот човек (26), одговорни лица во Здружението на студенти, како и против 31-годишникот на кого му е утврдена мерка домашно лекување за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест.
Свет
ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај и да го убијат претседателот Александар Лукашенко, објави ФСБ.
Уапсени се Александар Федута од Белорусија и Јури Зенкович, кој има двојно државјанство – белоруско и американско.
Акцијата била спроведена во соработка со белорускиот комитет за државна безбедност и, како што подоцна било утврдено, тие планирале да извршат воен удар „според стандардното сценарио на обоени револуции со поддршка на локалните националисти“.
Според белоруската страна, тие се согласиле на сè преку месинџер, а потоа решиле да организираат состанок во Москва со одредени белоруски генерали кои би биле вклучени во целиот процес.
ФСБ наведува дека состанокот бил организиран во еден од московските ресторани веднаш по пристигнувањето на Зенковиќ во Москва по консултациите во САД и Полска, а нивниот план бил да ги окупираат сите радио и телевизиски радиодифузни центри за време на пучот, да ги блокираат институциите, како и да го затворат целиот енергетски систем на Белорусија со цел да се отежне работата на полицијата и армијата.
Нивната цел, додава ФСБ, била да го сменат уставниот поредок на земјата со испразнување на претседателското место за да може „Националниот комитет за помирување“ да ја извршува таа функција.
ФСБ додава дека по апсењето, тие биле предадени на белоруската страна за обработка.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш