Свет
Бајден: Обвинувањата на Трамп на сметка на моето семејство се чиста лага
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, кој е демократски претседателски кандидат за изборите во 2020, одговори на обвинувањата на претседателот Трамп за релациите на членови од неговото семејство со Украина.
„Не заминувам никаде. Нема да ме уништи ниту мене ниту моето семејство. Трамп знае дека нема вистина во овие обвинувања. Секоја независна медиумска организација што продлабочено ги разгледала обвинувањата укажа дека сето тоа е чиста лага“, изјави Бајден на митинг во Невада.
Тој истакна дека неговиот ангажман во Украина бил едниствено во полза на борбата против корупцијата во таа земја.
Во меѓувреме покрај повикот до Украина, Трамп истакна дека и Кина треба да започне истрага за Хантер, синот на Бајден.
Демократите укажуваат дека ова е уште еден доказ за засилување на истрагата за импичмент на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

