Свет
Бајден: Разбирам дека сте загрижени за моите години, но ќе се кандидирам оти Трамп ќе ја уништи демократијата
Џо Бајден, најстариот американски претседател во историјата на земјата, вчера изјави дека го разбира фокусот на неговата возраст, но дека ќе се кандидира за реизбор бидејќи Доналд Трамп сака да ја уништи американската демократија.
80-годишникот обично избегнува такви прашања, но сега говореше за својата возраст во Њујорк коментирајќи дека неговото искуство му помогнало да се справи со кризи, како Украина и Ковид-19.
Се чини дека многу луѓе се фокусирани на мојата возраст, рече Бајден. „Разбирам, верувајте ми, го разбирам тоа повеќе од кој било“.
Потоа додаде: „Ќе се кандидирам затоа што демократијата е загрозена бидејќи во 2024 година демократијата повторно е на гласање. И нема сомнеж: Доналд Трамп и неговите републиканци се решени да ја уништат американската демократија“.
Бајден додаде дека нема да им се поклони на диктаторите.
Анкетите покажуваат дека американските гласачи се загрижени за возраста на Бајден пред веројатниот реванш следната година против Трамп, кого го порази во 2020 година.
Трамп во интервју емитувано во неделата рече дека Бајден не е премногу стар, но дека е неспособен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Жената која го пријави Французинот во полиција по што се откри грозоморното малтретирање на неговата сопруга: Се однесуваше бедно
Жената по име Наталија е заслужна што Доминик Пелико, кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат, додека тој снимал се, се наоѓа пред суд.
Пелико беше уапсен во септември 2020 година во супермаркет во Карпентрас, откако снимал жени под нивните здолништа. Пелико тогаш снимал и под здолништето на Наталија.
Во сведочењето за БФМТВ, Наталија рече дека „е среќа што го пријавиле“.
Наталија сега се присети на 12 септември 2020 година, кога сè се промени во нејзиниот живот, но и во животот на Жизел Пелико, сопругата на Доминик, која со децении трпела малтретирање без воопшто да биде свесна за тоа.
Тој ден Доминик снимил три жени, а кога ја свртел камерата кон Наталија, пришол чувар и и кажал што видел: „Тој снимаше под вашиот фустан, сакате да го пријавите?“. Тогаш Доминик Пелико беше приведен, му беше одземена компјутерската опрема и потоа беше откриен случајот со грозоморното малтретирање на неговата сопруга Жизел, кое го шокираше светот.
„Го фрлив фустанот што го носев тој ден“, изјави Наталија.
Таа се присети на сите детали од тој ден во супермаркетот.
„Се однесуваше како мал бедник, како да сакаше да каже ‘ама ништо не направив’. Мислам дека сè уште имаше став на жртва“, рече Наталија.
Кога подоцна дознала за степенот на аферата, била шокирана.
„Барем две години, ако не и повеќе, не одев во шопинг во фустан. А фустанот што го носев тој ден го фрлив“, изјави Наталија.
Делумно благодарение на жалбата на Наталија, која отиде во полициска станица, Доминик завршил на суд поради злоупотреба на неговата сопруга Жизел. Наталија, барем до сега, никогаш не ја запознала Жизел Пелико. Сепак, таа навестува дека можеби ќе оди на сослушувањето за да ја поддржи.
Свет
Жител на Бејрут за Би-би-си: Видов луѓе без раце и очи
„Видов луѓе без раце, без очи“, изјави за Би-би-си Сара Рамал, која сега живее во Бејрут.
Таа беше принудена да го напушти својот дом во јужен Либан веднаш откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври и не е сигурна кога ќе може да се врати, со оглед на израелските напади врз цели на Хезболах во регионот.
Рамал продолжува да го опишува она што го сведочела во Бејрут: „Видов татко како го носеше своето седумгодишно дете кое крвави со отсечена рака. Тој брзаше во болница“.
Таа вели дека познава здравствени работници кои загинале како резултат на експлозии на пејџер.
Израел не ја презеде одговорноста за нападите.
Европа
(Видео) Кадиров објави снимка: „Испраќам два вооружени сајбер камиони во војна во Украина“
Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, објави ново видео на социјалните мрежи за кое тврди дека прикажува два сајбер камиони „Тесла“ за кои вели дека ги испратил во „зоната на специјалната воена операција“. Официјален Кремљ така ја нарекува војната во Украина што ја започна рускиот претседател Владимир Путин пред две и пол години.
Претходно на социјалните мрежи се пожали дека „Илон Маск од далечина оневозможил едно од неговите возила“. Кадиров рече дека „далечинското исклучување не влијаело“ на другите два камиони и дека тие „работат нормално“.
Kadyrov said he had sent "two more" Cybertruck "to the special military operation zone." Earlier, he complained that Elon Musk had "remotely disabled one vehicle."
Kadyrov said that the "remote shutdown did not affect" the other two pickup trucks and that they were "operating… https://t.co/g1eUciaEqA pic.twitter.com/85SizuUxwH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 20, 2024
Двата сајбер камиони прикажани на видеото се опремени со митралези, како и возилото што Кадиров го покажа во август.