Свет
Бајден се обидува да стапи во контакт со Ким Џонг-ун, тој го игнорира

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец неколку пати се обидела да стапи во контакт со севернокорејските власти.
Сепак, официјален Пјонгјанг не одговорил на повиците.
Цитирајќи неименувани дипломатски извори, Си-ен-ен известува дека администрацијата на Бајден безуспешно преку неколку канали се обидела да ја контактира администрацијата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Се обидовме да контактираме со севернокорејските власти преку неколку канали за да работиме заедно и да го намалиме ризикот од ескалација на тензиите. Од Пјонгјанг не добивме никаков одговор. И покрај едногодишните американски иницијативи, не е воспоставен активен дијалог со Северна Кореја“, изјавил високиот функционер за Си-ен-ен.
Без откривање повеќе детали за обидите за контакт со Пјонгјанг, неименуваниот извор рекол дека администрацијата на Бајден ја разгледува заканата што Северна Кореја ја претставува врз САД и регионот.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се состана со Ким Џонг-ун во Сингапур во јуни 2018 година, а потоа разменија писма, но не беше постигнат напредок во решавањето на несогласувањата околу планот на Северна Кореја за развој на нуклеарно оружје и арсенал со балистички ракети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шаленберг: Западен Балкан од големо значење за ЕУ и САД

Западен Балкан е регион од геостратешки интерес за ЕУ и САД, подвлече министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг во телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен.
Шаленберг и Блинкен, како што е наведено во Виена, се согласиле за поблиска соработка во приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
„ Не смееме да го оставиме тоа поле на други. Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ и во тоа нема сомнеж. ЕУ и САД мора да се повлечат од иста страна на јажето, а Австрија може да биде централен фактор за поврзување“, објасни тој.
Шаленберг ја подвлече трансатлантската посветеност на владата во Виена.
„ Знаеме каде стоиме, рамо до рамо, наместо да се враќаме назад со Соединетите држави“, нагласи тој.
Првиот билатерален разговор се одвиваше во пријателска и отворена атмосфера, објавен е во Виена.
„Правиме се за да го направиме Атлантскиот океан помал“, изјави Шаленберг за Бликен.
Тој рече дека стратешкото партнерство со САД фиксирано во владината програма треба да биде исполнето со живот, не само во областа на политиката и економијата, туку пред сè во рамките на поширокиот дијалог со граѓанското општество.
Шаленберг го поздрави враќањето на САД на мултилатералната сцена и новата, јасно ориентирана кон партнерство политика на администрацијата на Бајден.
Регион
Словенија пушти во употреба суперкомпјутер: „Има поголема моќ од оние во Русија“

Со симболично притискање на црвеното копче, словенечкиот премиер Јанез Јанша во Марибор го пушти во употреба суперкомпјутерот „Вега“, проект вреден 17,2 милиони евра, кофинансиран претежно од европските фондови.
„Драго ми е што Словенија застанува рамо до рамо со светските суперсили во областа на информатичките технологии“, порача словенечкиот премиер.
Тој додаде дека суперкомпјутерот поставен во просториите на Институтот за информатички науки во Марибор, а именуван по словенечкиот математичар Јуриј Вега, ќе им служи на домашните и на европските научници.
Според Алеш Бошњак, директор на институтот во Марибор, „Вега“ е еден од најмоќните суперкомпјутери во Европа и во светот.
„Во моментов има само 13 земји во светот кои имаат посилни суперкомпјутери“, рече Бошњак.
Суперкомпјутерот „Вега“ има моќност од 6,9 петафлопси, што е приближно како кога околу 50.000 компјутери би ја правеле истата операција паралелно.
„Моќта на нашиот суперкомпјутер е веднаш зад капацитетите на оние на Велика Британија, а пред оние во Руската Федерација“, рече проректорот на Универзитетот во Марибор, Зоран Рен.
„Суперкомпјутерите ќе им овозможат на европските мали и средни претпријатија да влезат во високотехнолошката економија на иднината“, рече Маргарет Вестагер, потпретседателка на Европската комисија одговорна за дигитална трансформација на економијата, која преку видео-врска им се обрати на учесниците на церемонијата во Марибор.
Свет
Израел подготвува нова рунда на вакцинација, сега и на децата

Израел планира нова рунда на вакцинација против коронавирус за шест месеци, во која ќе се вакцинираат и деца, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Тој им рече на Израелците на прес-конференција синоќа да се подготват за нов круг на вакцинација.
Израелските медиуми објавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози, со можност за последователна набавка на дополнителни вакцини.
Пред два дена Израел склучи нови договори за набавка на вакцини со компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?