Свет
Бајден се повлече од трката за претседател на САД
Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане во својата улога на претседател и врховен командант до крајот на неговиот мандат во јануари 2025 година и ќе и се обрати на нацијата оваа недела.
“Тоа е во најдобар интерес на мојата партија и земјата”, рече тој.
Соопштението доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и по неколкунеделниот силен притисок од страна на Демократската партија по слабите резултати во дебатата против републиканецот Доналд Трамп на крајот од јуни и неодамнешното појавување пред новинарите на крајот од самитот на НАТО.
Во објавata на неговиот профил на социјалните мрежи, тој вели дека најголема чест во животот му било да служи како претседател.
„ Иако мојата намера беше да побарам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и мојата земја да се тргнам и да се посветам единствено на исполнувањето на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат”, рече Бајден.
Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата, првата Афроамериканка која го направила тоа во историјата на земјата. Бајден отворено ја поддржа Камала Харис како кандидат за демократ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

