Свет
Бајден ја обвини администрацијата на Трамп за уништување на безбедносните служби

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека многу безбедносни служби на САД во времето на претседателот Доналд Трамп останале без ресурси и морал и ја обвини администрацијата на Трамп за недостиг на информации кои му ги даваaт на неговиот транзициски тим.
„Наидовме на пречки во Министерството за одбрана и во кабинетот за управување и буџет“, рече Бајден по состанокот со неговиот тим за надворешна политика.
„Во моментов, ние едноставно не ги добиваме сите потребни информации од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност. Според мое мислење, ова не е ништо друго освен неодговорност”, додаде тој.
Откако Бајден го победи Трамп на изборите на 3 ноември, неговиот тим почна само да се состанува со претставници на администрацијата на Трамп кон крајот на ноември за да го координира примопредавањето.
Републиканецот Трамп одби да го признае поразот, а неговиот кабинет одобри соработка само со Бајден на 23 ноември.
На почетокот на овој месец, тимот на Бајден објави дека наишол на отпор во своите барања за информации од некои претставници на Пентагон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандија воведе полициски час првпат по Втората светска војна

Викендов, за првпат по 75 години во Холандија беше воведен полициски час со цел да се запре ширењето на коронавирусот во третиот бран.
Според одлуката на владата, за граѓаните беше воведено ограничување на движењето, од саботата во 21 часот до недела во 4,30 часот.
Улиците на холандските градови беа целосно празни, првпат по Втората светска војна. Таа мерка ќе биде на сила секој викенд до 9 февруари, пренесуваат странските медиуми.
Секој којшто ќе биде фатен на улица во тоа време, ќе мора да плати казна од 95 евра.
Свет
Британија ги смени законите за „локдаун“ – можно затворање на рестораните и продавниците до 17 јули

Британската влада ги смени законите за „локдаун“ без многу врева, со што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави Телеграф.
Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени со коронавирусот не се намалува, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека мерките ќе останат на сила се додека во Владата не се уверат дека програмата за вакцинација влијае на запирање на ширењето на епидемијата.
Свет
По неколку месеци објавен првиот локален пренос на Ковид-19 на Нов Зеланд

Високи здравствени службеници од Нов Зеланд објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот првпат по неколку месеци, а станува збор за 56-
годишна жена која дошла од странство.
По враќањето во Нов Зеланд, таа била позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажал дека е двапати негативна, објави Ројтерс.
„ Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил или некој четврти“ изјави министерот за здравство, Ешли Блумфилд.
Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи беше позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот