Свет
Бебе во Америка починало откако мајката го ставила да спие во рерна
Бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна, изјави обвинителот. Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.
Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.
Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.
„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.
Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.
По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Тој додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчез најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.
Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.
Свет
Финска ја погоди ураган за првпат во историјата
На западот на Финска, за прв пат во историјата ветрот достигна ураганска сила, поради што 17.000 куќи останаа без струја.
Во Раума, на југозападот на земјата, просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори – до 30,3, пренесува финскиот јавен сервис Yle.
Ветерот со просечна брзина од најмалку метри во секунда се смета за ураган во Финска. Ова е првпат вистински ураган да биде забележан во Финска, изјави метеорологот Мати Хутонен.
„Вакви показатели никогаш не биле забележани во историјата на набљудување, во таа смисла тие се навистина ретки“, рече дежурниот метеоролог во Метеоролошкиот институт Туомо Бергман. Според него, во петокот вечерта околу 40.000 домови биле отсечени на запад и југ на Финска, а утринава 17.000 домаќинства останале без струја.
Шефот на пожарникарската служба рече дека спасувачите честопати биле повикани за паднатите дрвја што оштетиле имот.
Според прогнозите на метеоролозите утре во Финска ќе пристигне нов силен циклон.
Свет
Земјотрес во близина на полигон за нуклеарни тестирања на Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Северна Кореја, во близина на областа Киљу, каде се наоѓа полигонот за нуклеарни тестирања, соопшти јужнокорејската метеоролошка агенција, наведувајќи дека се работи за природен земјотрес.
Земјотресот се случил на 37 километри северозападно од округот Киљу, на длабочина од 17 километри, објави Јонхап.
Засега нема информации за штети.