Свет
Безос планира да изгради приватна вселенска станица
Извршниот директор и основач на Blue Origin, Џеф Безос, објави дека планира да ја изгради првата приватна вселенска станица во орбитата помеѓу 2025 и 2030 година.
Под називот Orbital Reef, Безос ја развива станицата со неколку партнери, вклучувајќи го и „Боинг“, соопшти компанијата.
Orbital Reef ќе служи како еден вид мешовит бизнис-парк, а ќе биде наменет за разни клиенти, заинтересирани за истражување, индустриски и меѓународни клиенти, но и за туристи.
Blue Origin неодамна се најде на насловните страници по лансирањето во вселената на 90-годишната икона од „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, кој го промовира вселенскиот туризам за време на својотр краток престој таму.
До денес, најголемата вселенска станица каде што астронаутите поминале најдолго време е Меѓународната вселенска станица, управувана од американската вселенска агенција НАСА заедно со многубројни партнерски агенции од целиот свет.
И Кина во моментот работи на изградба на сопствена вселенска станица, а неколку други приватни компании веќе ги истакнаа плановите за комерцијални вселенски станици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

