Свет
Белата куќа ги поддржа новите упатства на ФДА за проверка на вакцините против Ковид-19

Белата куќа ги одобри новите безбедносни стандарди за вакцините против коронавирус откако првично се спротивстави на насоките според кои е малку веројатно дека некоја вакцина ќе биде одобрена пред изборите, пренесува „Њујорк пост“.
Администрацијата за храна и лекови (ФДА) вчера ги објави стандардите според кои производителите на лекови мора да ги следат учесниците во испитувањето најмалку два месеца за да се исклучат безбедносните проблеми, вклучително и негативните несакани ефекти, пред да се побара итно одобрување.
Според „Асошиејтед прес“, упатствата беа предложени од ФДА пред две недели, но претставниците на Белата куќа се спротивставија на планот врз основа на двомесечното барање на податоци, тврдејќи дека нема клиничка или медицинска причина за тоа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно изјави дека би сакал вакцината да биде готова пред претседателските избори на 3 ноември и минатиот месец тврдеше дека предлогот на ФДА можеби е политички потег.
Претставници на Белата куќа првично одбија да ги одобрат упатствата на разговорите со претставници на ФДА, но на крајот ги отфрлија приговорите и го поддржаа планот, изјавија извори за „Волстрит журнал“.
Комесарот на ФДА, Стивен Хан, рече дека се надева оти упатствата ќе ѝ помогнат на јавноста да го разбере нивниот процес на носење одлуки кој се базира на науката, што обезбедува квалитет, безбедност и ефикасност на вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Предложен нов план за ставање крај на војната во Газа: „Хамас е подготвен да ја предаде власта“

Висок палестински функционер вклучен во разговорите за прекин на огнот изјави за Би-Би-Си дека Катар и Египет предложиле нов план за ставање крај на војната во Газа. Според изворот, предлогот предвидува прекин на огнот за период од пет до седум години, ослободување на сите израелски заложници во замена за палестинските затвореници, официјален крај на војната и целосно повлекување на израелските сили од Газа.
Наскоро се очекува во Каиро да пристигне висока делегација на Хамас на дополнителни разговори.
Последниот прекин на огнот пропадна пред еден месец, кога Израел повторно почна да ја бомбардира Газа. Двете страни, Израел и Хамас, меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот. Израел се уште не го коментирал новиот предлог на посредникот.
Хамас во Каиро ќе биде претставен од шефот на политичкиот совет Мохамед Дарвиш и главниот преговарач Калил ал Хаја. Предлогот доаѓа само неколку дена откако Хамас ја одби израелската понуда која вклучуваше разоружување во замена за шестнеделен прекин на огнот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека војната нема да заврши додека Хамас не биде уништен и сите заложници не бидат вратени. Хамас, од друга страна, бара Израел прво да се согласи да ја прекине војната пред да ги ослободи заложниците.
Палестински извор близок до преговорите изјави за Би-би-си дека Хамас е подготвен да ја предаде администрацијата на Газа на друго палестинско тело за кое може да се договори, или на палестинската управа на Западниот брег или на ново владејачко тело. Нетанјаху веќе јасно стави до знаење дека палестинските власти нема да имаат никаква улога во идното управување со Газа, со која владее Хамас од 2007 година.
Иако се уште е рано да се извлечат какви било заклучоци, изворот оценил дека преговорите се сериозни и дека Хамас покажува „невидена флексибилност“.
На 7 октомври 2023 година Хамас изврши напад врз Израел во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а 251 лице беа земени како заложници во Газа. Израел одговори со голема воена операција во која, според Министерството за здравство под контрола на Хамас, загинаа повеќе од 51.000 Палестинци, главно цивили.
Во меѓувреме, палестинската амбасада во Каиро нареди на својот персонал, кој организираше медицинска евакуација од Газа и влез на хуманитарна помош, да се пресели со своите семејства во египетскиот град Ариш, во близина на границата со Газа.
Свет
Објавено е кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, соопшти Ватикан.
Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со почеток во 10 часот, објави Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека погребната миса на римскиот епископ Франциско ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“.
Ватикан објави дека папата починал од мозочен удар што предизвикал кома и неповратна срцева слабост.
за неговата смрт пристигнуваат од целиот свет. Ватикан објави фотографија од папата Франциск во ковчег.
Свет
Германските католици се плашат од конзервативен папа: „Ризикот постои и не е мал“

Шефот на Централниот комитет на германските католици (ZdK) изрази надеж дека следниот папа ќе го продолжи наследството на отвореност што го следи папата Франциско, предупредувајќи дека изборот на конзервативна личност би можел да претставува предизвик за Црквата во Германија.
Претседателката на ЗдК, Ирма Штетер-Карп, за агенцијата ДПА изјави дека на Црквата ѝ е потребно лидерство способно да одговори на барањата на 21 век. Таа рече дека изборот на конзервативен папа веројатно би претставувал значаен предизвик за Католичката црква во Германија.
Таа предупреди на присуството на сили во рамките на Католичката црква кои сакаат да ја задржат свештеничката моќ и ја сметаат преголемата слобода за верниците за закана за единството на Црквата.
„Тој ризик постои и не е мал“, рече таа.
Анкетите постојано покажуваат дека мнозинството германски католици ги поддржуваат либералните реформи, вклучувајќи ги поголемите права за жените и промената на ставот на Црквата за сексуалниот морал.