Контакт

Свет

Белата куќа: Состојбата со коронавирусот во Америка се подобрува

Објавено пред

САД излегуваат од тежок период и состојбата со пандемијата се подобрува, изјави Џефри Зинк, координатор на работната група на Белата куќа за борба против коронавирусот.

Зинк за Си-ен-ен изјави дека 58 проценти од луѓето над 18 години или 149 милиони лица примиле барем една доза вакцина. Тој оцени дека има доволно вакцини за сите Американци, иако бројот на нововакцинирани паднал на 2,1 милиона, што е 40 проценти помалку од минатиот месец, објави „Гласот на Америка“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека се надева оти до 4 јули тој број на вакцинирани ќе биде 70 проценти.

Ревакцинирани се 112,6 милиони Американци. Околу 20 проценти, главно приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп, не сакаат да се вакцинираат.

Д-р Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот, изјави за Еј-би-си дека вакцинацијата е поттикната од фактот дека постапката е едноставна – вакцината може да се добие без закажан термин, на пунктови во аптеките.

Тој забележува дека вакцинацијата треба да ја промовираат оние на кои луѓето им веруваат, како што се матичните лекари, верските водачи, спортистите.

Фаучи вели дека околу 43.000 нови случаи на зараза се регистрираат секој ден во САД и дека тоа мора да се намали.

Од почетокот на пандемијата повеќе од 581.000 луѓе починале од Ковид-19 во Америка, а регистрирани се 32,7 милиона – повеќе отколку во која било друга земја, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Европа

Фон дер Лајен: Започнува активирање на средства од фондот за обновување од пандемијата

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес е во посета на Лисабон и Мадрид, каде ќе започне со одобрување на плановите за закрепнување, поднесени од земјите кои бараат средства од фондот за обновување од пандемијата.

Ова е историско достигнување, рече фон дер Лајен пред Европскиот парламент минатата недела, најавувајќи скоро активирање на планот за закрепнување од 750 милијарди евра изработен пред скоро една година.

Португалија, која во моментов е претседател на ЕУ, го направи приоритет брзото усвојување на овие планови за закрепнување, по препораката на Комисијата.

Шпанија ќе биде втор по големина корисник на фондот за спасување по Италија, а Мадрид ќе добие 140 милијарди евра, од кои половина ќе бидат во форма на директни грантови и заеми.

„Две јужноевропски земји кои порано не се чувствуваа поддржани во Европа, сега имаат корист од извонредната поддршка и дарежливост на нивните северни партнери“, рече Тони Ролдан, раководител на истражувањето во Центарот за економска политика „Есаде“ во Мадрид.

Шпанија беше особено погодена кога пандемијата првпат избувна на почетокот на 2020 година, додека Португалија претрпе голем скок на бројот на новозаразени случаи претходно оваа година.

Со оглед на тоа што обете земји се силно зависни од туризмот, нивните економии се значително погодени.

Од должничката криза во еврозоната, која започна во 2011 година, Лисабон и Мадрид честопати беа на удар затоа што „поштедливите“ европски членки беа фрустрирани што требаше да издвојат пари за да го субвенционираат трошењето.

Ролдан изјави дека иако некои од условите околу стимулативните пакети остануваат нејасни, Шпанија и Португалија можат да покажат „поголема реформска амбиција“ во користењето пари, особено во областа на образованието.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција во генерален штрајк поради новиот закон за работни односи

Објавено пред

Денеска во Грција започна 24-часовен штрајк поради кој е стопиран јавниот превоз и другите услуги, пред парламентарното гласање за новиот закон за работни односи, чиј противници велат дека ќе донесе подолго работно време и ќе ги наруши работничките права.

Ова е втор генерален штрајк во последната недела поради законот за кој владата во Атина тврди дека ќе ги модернизира застарените регулативи во областа на трудот, пренесува „Ројтерс“.

Јавниот превоз во Атина запре денес, бродовите останаа закотвени во пристаништата, а многу автобуски, метро и железнички услуги се суспендирани.

Работници од други сектори, исто така, ја прекинаа работата и се очекува да се приклучат на протестните митинзи во центарот на Атина, пред денешното гласање за законот.

Конзервативната влада на премиерот Кирјакос Мицотакис, која стапи на должност во 2019 година, објави дека реформата ќе ги модернизира „застарените“ закони кои датираат од времето пред појавата на интернетот, кога повеќето работници работеле во исто работно време, истовремено и во канцелариите и во фабриките.

Синдикатите го опишаа нацрт-законот како „монструозен“, барајќи негово повлекување, бидејќи, како што тврдат, тој ќе ги укине одамна утврдените работнички права и ќе им овозможи на компаниите „на мала врата“ да воведат подолго работно време.

Најконтроверзниот дел од законот овозможува вработените да работат и до 10 часа на ден, а да работат пократко следниот ден.

Синдикатите стравуваат дека ова ќе им овозможи на работодавците да ги принудат работниците да прифаќаат подолго работно време.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Со огномет жителите на Њујорк го прославија укинувањето на мерките од коронавирус

Објавено пред

Со огномет и полни улици жителите на Њујорк го прославија укинувањето на мерките против коронавирус. Во изјава за американските медиуми дел од нив велат „Можеме да се вратиме во нормален живот“.

Дека Њујорк ќе ги укине последните ограничувања воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако повеќе од 70% од возрасната популација беше вакцинирана, најави и гувернерот Ендру Куомо.

„Ова е важна пресвртница и ќе се обидеме да сториме повеќе“, рече Куомо, додавајќи дека државата Њујорк ќе продолжи да ги охрабрува луѓето да се вакцинираат,

Гувернерот синоќа ги изненади жителите на Њујорк со ненајавен огномет по повод достигнувањето на важен праг во процесот на имунизација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет3 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија3 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет4 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија4 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет5 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ20 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија22 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија23 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие