Контакт

Свет

Одложено сослушувањето за екстрадицијата на Пуџдемон

Објавено пред

Судот во Белгија го одложи сослушувањето за екстрадицијата на поранешниот претседател на каталонската влада, Карлес Пуџдемон, во Шпанија, објави неговиот адвокат и додаде дека конечното рочиште за распишаната потерница по него е одложено и ќе се одржи на 16 декември, пренесува „Спутник“.

Пуџдемон живее во егзил во Брисел бидејќи мораше да ја напушти Шпанија непосредно по референдумот за независност на Каталонија што се одржа во октомври 2017 година. Мадрид го нарече гласањето нелегално и го распушти каталонскиот парламент наметнувајќи директно владеење на регионот.

Претходно овој месец Мадрид осуди неколкумина каталонски политичари на подолги затворски казни за нивната улога на референдумот, што предизвика масовни и насилни протести на приврзаниците и противниците на отцепувањето на Каталонија од кралството.

Масовните собири ескалираа во насилни судири со стотици повредени, а околу 200 лица беа притворени.

 

Европа

Фон дер Лаен: ЕУ извезе милијарда дози на вакцина против коронавирус

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека ЕУ извезла повеќе од милијарда дози вакцини против Ковид-19 низ целиот свет.

Таа изјави дека вакцините биле доставени во повеќе од 150 земји, што ја прави ЕУ најголем извозник на вакцини во светот.

Фон дер Лаен изјави дека приоритет на ЕУ е да го зголеми бројот на вакцини против коронавирус и дека минатиот месец се обврза да достави уште 200 милиони дози од вакцината во Африка и во други земји со ниски приходи.

Додека богатите земји размислуваат да дадат трета доза од вакцината, повеќето од посиромашните земји во светот сè уште чекаат целосна вакцинација, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Линхарт: ЕУ мора повеќе да ја подаде раката кон Западен Балкан

Објавено пред

Западен Балкан е многу важен за новиот министер за надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт и тој смета дека ЕУ мора уште повеќе да ја подаде раката кон тој регион, пренесуваат медиумите во регионот.

„Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји”, објаснува Линхарт за виенскиот весник Хојте.

Инаку, откако ја презеде функцијата, Линхарт ја избра Босна и Херцеговина како прва дестинација за службено патување, со што испрати сигнал дека Западен Балкан сè уште е приоритет на надворешната политика на Австрија.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Нови случаи на ебола во Конго

Објавено пред

Три нови случаи на ебола се потврдени на истокот на Демократска Република Конго, што го зголеми вкупниот број на заразени на пет во последните десет дена, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Здравствените власти велат дека најновата епидемија најверојатно е поврзана со масовна епидемија која траела од 2018 до 2020 година, при што загинале повеќе од 2.200 луѓе и заразиле повеќе од 1.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.

Новите случаи биле откриени во саботата во областа Буцили, во близина на градот Бени, каде што избувна последната епидемија, се вели во соопштението на СЗО.

Три лица од петте потврдени случаи починале.

Вакцините, сепак, играат значајна улога во забрзувањето на неодамнешното појавување и лекарите почнаа да ги вакцинираат оние кои минатата недела стапија во контакт со заразените, користејќи вакцина произведена од компанијата „Мерк“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија19 минути

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија25 минути

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Топ2 часа

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет3 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија11 час

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија13 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија14 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија14 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија14 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија16 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија16 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија16 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија18 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија19 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија19 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија21 час

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија22 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет22 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Досие