Свет
Белорусија ќе реагира на распоредувањето американски тенкови во близина на границата
Белорусија ќе преземе мерки за одговор на распоредувањето американски тенкови во Литванија, во близина на нејзината граница, и планираните вежби за одбрана на НАТО, кои ќе се одржат напролет 2020 година, изјави за ТАСС белорускиот министер за одбрана, Андреј Равков.
„Ќе има мерки за контрола на оружјето, мерки насочени кон испраќање инспекции во соседните области и зајакнување на разузнавачката активност“, рече Равков цитиран од новинската агенција „Белта“.
Министерот додаде дека Белорусија планира да го зголеми својот воен контингент во насока на Литванија за да ја зајакне белоруската граница. Тој истакна дека Белорусија ќе преземе и дипломатски и информативни мерки.
Во октомври американските вооружени сили распоредија 500 војници, 30 тенка „абрамс“ и 25 борбени возила „бредли“ во литванската област за обука Парабаде, град на 15 км оддалеченост од границата со Белорусија.
Вежбите Defender Europe 2020 се предвидени да се одржат во април-мај 2020 година. Осумнаесет држави ќе учествуваат на вежбите што ќе се одржат на територијата на 10 европски држави, вклучувајќи ги Полска, Литванија и Летонија, кои граничат со Белорусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА

