Свет
Бил Гејтс: Постои можност за нова пандемија за 10 или 15 години

На поткастот на писателката Рашида Џонс, Бил Гејтс коментираше за подготвеноста на светот за идни пандемии и со какви предизвици ќе се соочи човештвото тогаш.
Основачот на „Мајкрософт“ и порано го предупредуваше светот дека може да се случи ваква пандемија, а сега ја истакна својата визија за светот по ерата на Ковид-19. Гејтс верува дека би можеле да имаме друга глобална пандемија.
„Да, но се надевам за 20 години. Но, мора да бидеме подготвени за нова пандемија и за три години”, рече Гејтс.
„Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години“, додаде тој.
Гејтс верува дека елиминирањето на вирусот нема да доведе до враќање на животот каков што беше пред пандемијата. Тој верува дека работните навики се променија засекогаш откако многу луѓе во оваа пандемија искусија да работат од дома.
„Мислам дека повеќе од 50% од службените патувања и над 30% од деновите поминати во канцеларија ќе исчезнат. Ние ќе продолжиме да одиме во канцеларии и на службени патувања, но во многу помала мера”, рече Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ромни: Републиканците ќе го поддржат Трамп ако повторно се кандидира за претседател

Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп лесно ќе ја oсвои номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД, доколку повторно се кандидира за влез во Белата куќа во 2024 година.
Во онлајн интервју за „Њујорк Тајмс“, Ромни рече дека е убеден оти Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има убедливо најсилен глас и одлично влијание во партијата.
„Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не. Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација”, рече Ромни.
Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат оти републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува „Политико“.
Европа
Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.
Баркли е раководителка на одделот за заразни болести при Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави Си-ен-ен.
„Верувам дека в година навистина ќе видиме повеќе напредок во епидемиологијата во однос на тоа како може да се запрат новите видови на коронавирусот, односно колку бргу тие може да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така, ќе знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно и колку долго ќе биде потребно за да се направат поефикасни“, рече Баркли.
Европа
Чешка со 15.000 нови случаи, Бабиш вели: „Нè чекаат пеколни денови“

Чешка мора да ги заостри мерките за борба против пандемијата и да спречи катастрофа во болниците, рече денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш, а Полска најави дека повторно ќе воведе строги ограничувања на североистокот на земјата.
Чешка во вторникот пријави повеќе од 15.000 нови инфекции со коронавирус, најмногу по 6 јануари, и има најбрзо ширење на инфекцијата во Европа, со стапка на нови инфекции на жител повеќе од шест пати поголема од Германија во последните две недели.
Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат во тешка состојба, се искачи на рекордни 1.389, така што во земјата со 10,7 милиони жители веќе алармантно се намалува бројот на слободни болнички кревети.
Некои клиники мораа да ги префрлаат пациентите во други болници, а министерот за здравство предупреди дека во следните недели нема да има повеќе места во болниците. Владата размислува да побара од Германија да ѝ помогне во грижата за некои пациенти.
Земјата пријави вкупно 1,18 милион заразени и 19.682 смртни случаја од почетокот на пандемијата.
Бабиш рече дека ситуацијата е сериозна. „Нè чекаат пеколни денови“, нагласи тој на прес-конференција.
Владата во текот на денот треба да разгледа можни нови мерки. Бабиш рече дека Министерството за здравство ќе предложи ограничувања, но не сакаше да навлегува во детали.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер