Свет
Близнаци пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида

Близнаци на возраст од 4 години биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида. Мајка им Сејди Мајерс на „Фејсбук“ напишала дека близнаците Аурора и Келан на 25 август се разбудиле среде ноќ за да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува Ен-би-си.
„Некогаш за време на спиењето еден од нив сигурно се мрднал или удрил во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од кедрово дрво“, напиша Мајерс на „Фејсбук“. „Полека останале без кислород и за неколку часа и умреле“, додаде таа.
Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близнаците не се во своите кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во кутијата, пренесуваат американските медиуми.
Four-year-old Florida twins suffocate to death in toy chest, leaving family shattered https://t.co/MGIqLIfDLV pic.twitter.com/odFw4Z9KRF
— New York Post (@nypost) September 5, 2023
„Знаев дека нешто не е во ред, но исто така бргу сфатив дека е предоцна“, напиша Мајерс.
„За мене нема смисла и никогаш нема… Се надевам дека ова спознавање помага на некој начин и се надевам дека веднаш ќе ја уништите ваквата кутија доколку ја имате дома“, додаде таа.
„Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но, за жал, кутијата е херметички затворена и да не е заклучена“, опиша мајката.
The adored twins had woken up in the early hours to play before pulling toys out of a wooden chest and snuggling up next to each other inside of it. https://t.co/8fiPnoGuVS
— Sky News Australia (@SkyNewsAust) September 5, 2023
Поручник на шерифот во Џексонвил изјави дека децата биле во несвест кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот, но и покрај обидите за реанимација, тие биле прогласени за мртви.
„Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство“, изјави поручникот за Ен-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.
Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.
Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.
Другите жртви се од други области погодени од поплавите.
Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.
Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.
Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.
Свет
Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.
„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.
Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.
Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.
Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.
Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.
Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.
Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.