Свет
Блинкен: Русија ја користи храната како оружје во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека користи храна како оружје во Украина.
„Не станува збор само за снабдување со храна на милиони Украинци, туку и на милиони луѓе во светот, кои се потпираат на увоз од Украина“, рече Блинкен обраќајќи се пред Советот за безбедност на Обединетите нации барајќи од Русија да престане да ги блокира украинските пристаништа.
„Се чини дека руската влада мисли оти употребата на храната како оружје ќе помогне да се постигне она што нејзината инвазија не го постигна, а тоа е да се скрши духот на украинскиот народ“, рече Ентони Блинкен, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи
Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи и неговите помошници, изјавија два американски извори запознаени со операцијата. Убиството на човекот кој владееше со Иран речиси 40 години беше потврдено преку ноќ на државната телевизија. Израел објави дека, покрај ајатолахот, убиени се и поранешниот генерален секретар на Советот за национална безбедност, Али Шамкани, и командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Мохамед Пакпур.
Двајца ирански извори изјавија за Ројтерс дека во саботата, кратко пред почетокот на нападот, Хамнеи свикал состанок на безбедна локација на кој биле присутни Шамкани и сегашниот секретар на Советот за национална безбедност, Али Лариџани.
Врховниот лидер на Иран беше убиен откако разузнавачките служби ги открија неговите движења, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social.
„Тој не можеше ништо да направи против нашето разузнавање и високо софистицираните системи за надзор. Тесно соработувавме со Израел, ниту тој ниту другите лидери кои беа убиени со него не можеа да направат ништо“, рече Трамп.
Двајца американски извори и еден функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рекоа дека потврдата за средбата меѓу ајатолахот и неговите помошници била сигнал за започнување на нападот. Нападот имал за цел прво да биде насочен кон Хамнеи за да се создаде елемент на изненадување, додаде тој, но постоеле загрижености дека врховниот лидер на Иран би можел да избега доколку му се даде шанса.
Американски извор изјави дека состанокот се очекувал да се одржи во сабота навечер во Техеран, но израелските разузнавачки служби подоцна открија дека тоа било сабота наутро, со што се одложи почетокот на израелско-американскиот напад. Локацијата на состанокот не беше веднаш позната.
Комплексот на Хамнеи во Техеран беше нападнат на почетокот на операцијата, а сателитските снимки прегледани од Ројтерс потврдија дека бил уништен.
Централната разузнавачка агенција на САД процени пред нападот дека ајатолахот би можел да биде заменет од тврдокорни од Корпусот на Исламската револуционерна гарда доколку тој почине.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.

