Свет
Божик во Витлеем без аџии и туристи
Божикните празнувања требаше да почнат денес во Витлеем, библиското родно место на Исус, но покрај празните гостилници, празен е и плоштадот бидејќи забраната за патување за странци поради пандемијата на коронавирусот го спречи пристигнувањето аџии и туристи.
Од одлуката за затворање на воздушниот простор за странски државјани од март нема пристигнување туристи во Израел, изјави портпаролката на Министерството за туризам, Лидија Вајцман.
Десетици илјади туристи и аџии доаѓаат во Израел секоја година за време на Божик.
Традиционалната поворка од Ерусалим до Витлеем, на Западниот Брег, јужно од Ерусалим, ја предводи латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала. Поворката се движи од христијанскиот кварт на стариот град во Ерусалим кон манастирот на патот кон Витлеем во 11.30 часот по локално време по што мора да помине низ бетонскиот сигурносен ѕид за безбедност и да влезе во библискиот град.
Поворката се очекува да пристигне на плоштадот во 14 часот по локално време, каде што Пицабала, поглавар на Римокатоличката црква во Светата земја, треба да ја предводи полноќната миса во Црквата на Христовото раѓање, но само во присуство на свештенството.
Во последните недели на Западниот Брег важеше полициски час, кој трае од 19 до 6 часот наутро. Мерката е донесена за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Алигатори забележани во надојдените води, вели жител на Тампа
Алигатори се видени во поплавите, изјави истражувач на урагани за Скај Њуз.
Професорката Џенифер Колинс од Универзитетот во Јужна Флорида го опиша ударот на ураганот во нејзината куќа во Тампа.
„Имаше многу силни ветрови и можевме да видиме како водите се издигнуваат од дождот. Јас всушност сега имам езеро од страната на мојата куќа“, рече таа.
„И јас видов алигатори ова утро, така што луѓето треба да бидат внимателни кога се движат во надојдена вода“.
Сепак, вели дека ситуацијата можела да биде и полоша.
Свет
Повеќе од 500 луѓе се спасени од станбениот комплекс Клирвотер западно од Тампа
Стотици луѓе заробени во станбен комплекс во Клирвотер, на околу 30 километри западно од Тампа, беа спасени од поплавата. Водата почна да пристигнува во текот на ноќта од средата кон четвртокот, но ураганот значеше дека службите за итни случаи не можеа безбедно да одговорат на повиците на жителите за помош.
Фотографиите покажуваат дека многу автомобили пред становите се речиси целосно потопени. Полицијата соопшти дека била преземена голема операција за спасување кога ветровите се смириле.
„Екипите користеа разни возила за висока вода за да пристапат до жителите и да ги доведат на безбедно. Многумина беа однесени во локалните засолништа наменети за евакуирани од урагани. Службениците за итни случаи одеа од врата до врата за да се уверат дека нема жртви заробени „Неколку евакуирани беа прегледани од пожарникарите на местото , но нема позначителни повреди“, соопшти полицијата.
Вкупно, од 178 станови се спасени 449 возрасни и 116 деца и тинејџери.
Свет
(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен
Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се симнаа од хеликоптерот и допливаа до човекот кој клечеше на врвот на ладилникот во Мексиканскиот залив.
Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
„Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручник Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.
„За да се разбере сериозноста на условите за ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час“, изјави таа.
Човекот го поправал својот брод во 3 часот наутро во средата, но се соочил со силни ветрови на враќање кон пристаништето. Условите брзо се влошија како што се приближуваше ураганот. Крајбрежната стража му нареди на човекот да облече спасувачки појас, но подоцна комуникацијата била изгубена.