Свет
Болница во Хонгконг погодена од импровизирана бомба
Мала, импровизирана бомба поттикна евакуација и привремено ја наруши работата во една болница во Хонгконг еден ден откако маскирани демонстранти ја запалија предложената област за карантин за можни жртви на коронавирусот, пренесува РТ.
Експлозивната направа била скриена во шкаф во тоалет во медицинскиот центар „Каритас“ и експлодирала рано утрово. Евакуирани биле околу 20 пациенти, по што специјална полициска екипа го прегледа местото на настанот.
Никој не е повреден во експлозијата.
„По експлозијата имало силен, бел чад и мал пожар“, вели главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи, додавајќи дека бомбата не била многу моќна и не предизвикала голема штета.
Не е јасно кој стои зад експлозијата.
Во неделата маскирани антивладини демонстранти фрлија молотов коктел кон празна јавна зграда, во која властите планираа да ги организираат карантин за луѓето заразени со смртоносниот коронавирус, кој во моментот беснее во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

