Свет
Болсонаро го назначи четвртиот министер за здравство од почетокот на пандемијата

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го назначи Марсел Квеирога за нов министер за здравство, четврти од почетокот на пандемијата.
Квеирога го замени генералот Едуардо Пашуел, кој ја презеде функцијата министер минатата година во мај, пренесува АП.
Новиот министер за здравство, инаку шеф на Кардиолошкото друштво, познат по своите позитивни изјави за Болсонаро, на прес-конференцијата рече дека ковид-политиката што тој ќе ја усвои ќе биде политика на администрацијата на Болсонаро, а не на министерот за здравје.
„Дојдов да работам за Бразил и другите министри на администрацијата на Болсонаро. Претседателот е многу загрижен за ситуацијата“, рече Квеирога и додаде дека е против заклучување на земјата.
Квеирога исто така рече дека Болсонаро е голем Бразилец.
Болсонаро е познат по тоа што е против спроведување рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата.
Од почетокот на пандемијата 11,6 милиони луѓе биле заразени од коронавирус во Бразил, а 282.400 лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Априлскиот снег направи хаос во Хрватска, затворени патиштата до Далмација

Хрватска повторно е зафатена од снежна бура, поради што беа затворени сите патишта за камиони со приколки и трактори од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.
Како што јавуваат тамошните медиуми, поради орканот, сообраќајот на Јадранската магистрала беше затворен за сите возила, и тоа на потегот помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена.
За денес е најавен метеоролошки аларм за цела Хрватска, освен за истокот на земјата.
Жолт метеоролошки аларм е прогласен за поголем дел од земјата поради ветер, дожд, грмежи, а во централна Хрватска и на северот на земјата поради снег и мраз.
Издадено е портокалово предупредување за регионот на Риека и Кварнер, каде се очекува невреме со налети до 145 км на час.
Прогласено е највисоко, црвено ниво на предупредување за областа под Велебит каде се можни налети на бура до 150 км на час.
Ова е втор априлски снег кој создаде хаос во сообраќајот Хрватска.
Свет
Захарова го обвини „Си-eн-eн“ дека украинските тенкови ги претставува како руски

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини американската ТВ-мрежа „Си-eн-eн“ дека користи трикови за ширење дезинформации за наводните подготовки на Русија за војна против Украина.
Захарова истакна дека „Си-eн-eн“ користел снимки од украински тенковски единици, тврдејќи дека тие биле дел од руската армија.
„Почитуван ‘Си-eн-eн’ и вашиот убав персонал. Ние разбираме дека немате време да ја потврдите вистинитоста на вестите засновани врз факти. Толку сте заглавени во идеолошката борба, загледани во триумфот на либерализмот, што украинските тенкови на украинската железничка станица, каде што стојат украински вагони, ги нарекувате руски подготовки за војна. Тоа е непримерно“, рече Захарова, пренесува ТАСС.
Европа
ИНСА: Баварскиот премиер Зедер попопуларен од Ангела Меркел и нејзиниот кандидат

Среде борбата за кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар на Германија, истражувањето на јавното мислење покажува дека во моментов најпопуларен политичар е шефот на ЦСУ и премиер на Баварија, Маркус Зедер.
Многу политичари во Европа и се восхитуваат на популарноста на Ангела Меркел, но сега ја престигна Зедер, кој се бореше со шефот на ЦДУ, Армин Лашет, за местото кандидат за иден канцелар на унионистите.
ЦДУ го сака Лашет за кандидат на ЦДУ/ЦСУ, но Зедер не попушта и конечната одлука може да падне до крајот на неделава.
Истражувањата на институтот ИНСА покажуваат дека Зедер во моментов е најпопуларниот политичар. Тоа не е прв пат Зедер да ја надмине Меркел по популарност. Тоа последен пат се случи минатото лето.
Лашет, пак, е само на 12. место според популарноста на водечките политичари во земјата. Од последното истражување, тој падна за дури девет места.
Пред него е дури и неговиот противник во трката за шеф на ЦДУ, Фридрих Мерц.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш