Свет
Болсонаро повторно на терапија
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека зема антибиотици поради инфекцијата од која се чувствува слаб, откако се зарази со Ковид-19 на почетокот на месецот.
„Само што ми направија анализа на крвта. Вчера се чувствував малку слаб. Имам инфекција и сега сум на антибиотици“, рече Болсонаро во вчерашното видео.
Претседателот на Бразил беше позитивен за коронавирус на 7 јули, но тој беше излечен, пишува Би-би-си.
Неговата сопруга Мишел Болсонаро беше тестирана за коронавирус и таа е позитивна, објави претседателската палата.
Болсонаро претходно го спореди Ковид-19 со мал грип и се жалеше поради воведувањето рестриктивни мерки и нивното влијание врз економијата.
Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

