Контакт

Свет

Бонсаи старо 400 години украдено од градина на брачен пар во Токио

Објавено пред

Сејџи Јимура и неговата сопруга Фујуми во полиција пријавиле дека седум бонсаи-дрвца исчезнале од нивната градината во Токио. Според Си-ен-ен, вкупната вредност на дрвцата се проценува на речиси 105 илјади евра.

„Нема зборови да се опише како се чувствуваме. Дрвцата беа бесценети за нас“, напиша Јимура на социјалните мрежи притоа давајќи им инструкции на крадците како да се грижат за дрвцата.

Бонсаи е минијатурно дрвце што се одгледува во саксија и бара специјализирани техники на одгледување, кои потекнуваат од источна Азија.

Едно од украдените бонсаи е од видот шимпаку џунипер. Овој вид се смета за еден од најбараните меѓу колекционерите на бонсаи, а се проценува дека вреди повеќе од 80.000 евра.

На својот Фејсбук-профил Фујуми напиша: „Нашиот шимпаку е стар околу 400 години. Потребна му е соодветна грижа и без вода не може да преживее повеќе од една недела“.

Таа додала дека со сопругот се чувствуваат тажни и осамени, но дека ќе продолжат да се грижат за другите дрвца.

Во моментот полицијата трага по крадците.

Европа

Тинејџерката Грета Тунберг фаворит за Нобеловата награда за мир

Објавено пред

По инспирирањето илјадници луѓе од целиот свет да протестираат против климата, шведската тинејџерка Грета Тунберг стана фаворит за добивање на Нобеловата награда за мир во 2019 година, според водечката британска обложувачница „Ледброкс“.

Тунберг, која се појави на глобалната сцена со организирање училишни протести поради недостиг на активности во борбата против климатските промени, има најголеми шанси да ја освои престижната меѓународна награда со квота од 5/2, според „Ледброкс“.

Ако ова 16-годишно девојче ја освои наградата, таа ќе биде најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.

Титулата на најмлада добитничка во моментот ја има пакистанската активистка Малала Јусуфзаи, која ја доби наградата во 2014 година на 17 години.

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 60 мртви во поплави во југоисточна Африка

Објавено пред

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 1.000 луѓе ги напуштија своите домови, откако обилни дождови предизвикаа поплави и свлечишта  по должина на брегот на југоисточна Африка, соопштија локалните власти.

Поплавите најтешко го погодија подрачјето во околината на пристанишниот град Дурбан во Јужноафриканската Република.

Како што јави „Ројтерс“, срушени се голем број станбени објекти, а спасувачите ги пребаруваат рушевините.

Властите во Танзанија наредија евакуација на жителите од ниските подрачја и затворање на училиштата и канцелариите, пред налетот на тропскиот циклон Кенет, на брегот на соседен Мозамбик, кој е најавен за в четврток.

Прикажи повеќе...

Свет

Скандал во САД: Признала дека ковала заговор со Кинезите, издавала тајни од Стејт департментот

Објавено пред

Американката Кандес Клејборн, поранешна вработена во американскиот Стејт департмент, призна дека е виновна за обвинувањата за ковање заговор при соработка со кинески агенти, соопшти американското Министерство за правда.

Како што наведе Министерството, Клејборн е обвинета дека ги лажела полициските службеници и ги криела контактите со кинеските агенти и подароците што ги добивала од нив, а на кои за возврат им доставувала интерни документи од Стејт департментот.

Меѓу подароците кои ги добивала биле пари, одмори во странство, чланарина за кинеско модно училиште, целосно опремен стан и месечна стипендија, се вели во соопштението во кое се истакнува дека дел од подароците ѝ биле лично давани на Клејборн, а другиот дел на близок член на нејзиното семејство, кој не е именуван.

Во замена за подароците, Клејборн обезбедувала копии од интерни документи за голем број теми – од економски стратегии до посети на високи претставници, додава Министерството за правда.

На Клејборн ѝ се закануваат до пет години затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија15 часа

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Македонија16 часа

(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија16 часа

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 201917 часа

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ18 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија20 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија20 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија21 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија22 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет22 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија1 ден

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет2 дена

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија2 дена

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 дена

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 дена

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија2 дена

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет2 дена

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Досие