Свет
Борел: Агресијата против Украина би имала огромни последици
Русија ќе се соочи со огромни последици поради воената ескалација во источна Украина, изјави денеска за новинарите високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи.
Борел денеска пристигна во Украина за да изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.
„Конфликтот на границите е на работ на продлабочување, а тензиите се акумулираат во однос на европската безбедност во целина“, истакна високиот претставник на ЕУ Борел – пренесува „Ројтерс“.
ЕУ има силна позиција и силно верување „дека секоја воена агресија против Украина ќе има огромни последици и големи трошоци“, посочи тој.
Борел и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба планираат да ја посетат линијата на одвојување во регионот на Луганск со цел да ја видат ситуацијата во зоната на конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

