Свет
Борел: Нападот на Израел врз центарот на Бејрут е кршење на меѓународното право
Шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека израелскиот напад врз Бејрут, во кој загинаа медицински работници, е кршење на меѓународното хуманитарно право.
IDF targeted once again healthcare workers overnight, in central Beirut: 7 people including paramedics were killed.
Not only civilians are victims of attacks, including in densely populated areas, but they are deprived of emergency care.
I condemn this violation of IHL.— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 3, 2024
„Во текот на ноќта ИДФ повторно ги нападна здравствените работници во центарот на Бејрут: седум лица беа убиени, вклучително и болничари. Не само што цивилите се жртви на напади, вклучително и оние во густо населените области, туку тие се и лишени од итна помош. Го осудуваме ова прекршување на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.
Израелски напад синоќа погоди медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах. Ова беше втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела, при што повеќето претходни напади беа ограничени на јужните предградија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

