Свет
Бразилски сенатор почина од инфекција со коронавирус
Бразилскиот сенатор Аролде де Оливеира почина од компликации поврзани со Ковид-19.
Оливеира (83) почина од повеќекратно откажување на органите предизвикано од инфекција со коронавирус. Си-ен-ен известува дека пред да почине тој бил хоспитализиран повеќе од 15 дена во Рио де Жанеиро. Тој е првиот член на бразилскиот конгрес кој починал од коронавирус.
Оливеира, конзервативен сенатор од државата Рио де Жанеиро, бил тесно поврзан со претседателот Жаир Болсонаро и служеше во Конгресот повеќе од 35 години.
Државата Рио де Жанеиро прогласи тридневна жалост во чест на Оливеира, соопшти канцеларијата на гувернерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

